Какви се твоите планови за летото?
Кога мислиме на лето, помислуваме на топло време, подготовки да присуствуваме на обласен конгрес и планови за релаксирачки одмор или угодно дружење со роднини и пријатели. Еве неколку потсетници кои можеби ќе ти помогнат интересите на Царството да ги задржиш на прво место кога ги правиш твоите летни планови:
◼ Направи јасни планови да присуствуваш на обласниот конгрес. Направи навремени подготовки за твојот превоз и сместување за да избегнеш какви и да било проблеми.
◼ Ако одиш на одмор, планирај да присуствуваш на состаноците на локалното собрание и да имаш удел во службата. Немој да заборавиш да ги предадеш своите извештаи за служба; ако е неопходно, испрати му ги по пошта на твојот собраниски секретар.
◼ Една посета на роднините кои не се во вистината може да ти даде шанса за продуктивно неформално сведоштво. Не заборави да ја понесеш својата Библија и залиха со литература.
◼ Дали си размислувал околу тоа да помогнеш на некое блиско собрание кое има потреба од помош да го обработи своето подрачје? Разговарај со старешините или со покраинскиот надгледник за да добиеш информации околу потребите во твојата област.
◼ Школскиот распуст овозможува една прекрасна прилика за младите луѓе да ја прошират својата активност во службата. Млади, можете ли да се пријавите како помошни пионери?
◼ Поради пријатното време и подолгиот ден, може да забележите дека можете да постигнете прекрасни резултати во службата со тоа што повеќе ќе сведочите навечер, кога многу луѓе се дома.
◼ Старешините треба да бидат подготвени собраниските активности да ги одржат добро организирани, договарајќи некој да се погрижи за одговорностите што им се доделени на оние кои ќе бидат отсутни.
Запомни дека „плановите на марливите сигурно придонесуваат за напредок“ (Изр. 21:5, НС). Планирај најдобро да ги искористиш своите летни теократски прилики.