ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/97 стр. 1
  • „Покажете се благодарни“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Покажете се благодарни“
  • Нашата служба за Царството 1997
  • Сличен материјал
  • „Бидете благодарни“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • „Покажете се благодарни“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Благодарна молитва
    Пеј му од срце на Јехова
  • „Бидете благодарни!“
    Нашата служба за Царството 2008
Повеќе
Нашата служба за Царството 1997
km 3/97 стр. 1

„Покажете се благодарни“

1 Повеќето од нас во детството сме биле поучени да кажеме „молам“ и „ти благодарам“ кога некој покажал обѕирност и љубезност кон нас. Павле нѐ опоменува секогаш да ‚се покажуваме благодарни‘, но особено треба да му бидеме благодарни на Јехова (Кол. 3:15, 16, НС). Меѓутоа, како можеме да му изразиме благодарност на нашиот Величествен Творец? И кои посебни причини ги имаме за да му бидеме благодарни?

2 Апостол Павле напишал: „Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос“ (1. Кор. 15:57). Секоја година, во периодот на Меморијалот, ние сме потсетувани на безграничната љубов што ни ја покажале Бог и Христос со тоа што ја обезбедиле откупнината која ни дава надеж за вечен живот (Јован 3:16). Со оглед на тоа што скоро сите ние сме изгубиле сакани лица поради смрт, колку само сме благодарни заради Исусовото ветување за воскресение! Нашите срца се преполни со благодарност кога размислуваме за изгледот да го преживееме крајот на овој систем без некогаш да умреме (Јован 11:25, 26). Тешко е да најдеме зборови за да ја изразиме нашата благодарност за сите прекрасни благослови што допрва ќе ги вкусиме од Јеховината рака во претстојниот земен Рај (Откр. 21:4). Кои подобри причини би можел некој да ги има за да ‚се покаже благодарен‘ на Бог?

3 Како да му изразиме благодарност на Бог: Секогаш е прикладно во молитва да му ја изразиме нашата благодарност на Јехова за неговата доброта (Псал. 135:1—3). Исто така, ние сме поттикнати да ја покажеме нашата благодарност кон него и на други позитивни начини. На пример, сигурно ќе бидеме присутни в недела, на 23 март, за Меморијалот на Христовата смрт. За да помогнеме да се покријат материјалните потреби на локалното собрание и на делото ширум светот, ние радо ‚му оддаваме чест на Јехова со нашите скапоцени работи‘ (Изр. 3:9, НС). Ние целосно ги поддржуваме старешините и соработуваме со нив, покажувајќи ја на тој начин нашата благодарност кон Јехова за помошта што ни ја дава преку нив (1. Сол. 5:12, 13). Секој ден се стремиме да задржиме чесно однесување кое го велича Божјето име (1. Петр. 2:12). На Јехова му се угодни сите овие докази на нашата благодарност (1. Сол. 5:18).

4 Наш најубав израз на благодарност: Да се има учество во делото на проповедање за Царството со сета душа, да му се искажува чест на Јеховиното име, да му се изразува благодарност во молитва и лојално да се брани вистината, се едни од најубавите изрази на длабока благодарност што ние можеме да му ја дадеме на нашиот Творец за сѐ што сторил во наша корист. Јехова се радува кога гледа дека му принесуваме дела на света служба како поддршка на неговата волја — „сите видови луѓе да бидат спасени“ (1. Тим. 2:3, 4, НС). Тоа е причината што толку многу објавители кои можат да го средат тоа, одговараат на апелот кој се појави во февруарското издание на Наша служба за Царството — да се пријават како помошни пионери во текот на еден или повеќе месеци во март, април и мај. Вложувањето додатен напор во службата е убав начин да ‚се покажеме благодарни‘ на Бог. Ќе можеш ли да се придружиш во редовите на пионерите во април? во мај?

5 Нам ни е дадена сигурна надеж да живееме засекогаш. Кога ќе видиме како таа се исполнува, ќе имаме понатамошни безгранични причини секој ден да продолжиме да му изразуваме радосна благодарност на Јехова (Псал. 79:13, НС).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели