ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/97 стр. 1
  • Млади — кои се вашите духовни цели?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Млади — кои се вашите духовни цели?
  • Нашата служба за Царството 1997
  • Сличен материјал
  • Како да ги постигнеш своите духовни цели
    Нашата служба за Царството 2006
  • Користи ги духовните цели за да го величаш твојот Творец
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Како да ги остварам моите цели?
    Разбудете се! 2010
  • Постави си духовни цели
    Нашата служба за Царството 2002
Повеќе
Нашата служба за Царството 1997
km 6/97 стр. 1

Млади — кои се вашите духовни цели?

1 Јехова знае колку се важни смисловната работа и достижните цели во донесувањето среќа. (Види 1. Мојсеева 1:28; 2:15, 19.) Денес, Јехова му дал на својот народ задача да проповеда и да поучува. Ние исто така имаме крајна цел да постигнеме вечен живот во Рајот. Во меѓувреме, за да избегнеме погрешно да ја насочуваме својата енергија и ресурсите, треба да си поставуваме напредни духовни цели (1. Кор. 9:26).

2 Реалистични цели за младите луѓе: Младите треба да имаат теократски цели кои им се достапни според нивните индивидуални способности (1. Тим. 4:15, НС). Некои кои се многу мали ја постигнале целта да ги рецитираат книгите од Библијата, дури и пред да научат да читаат. Преку семејната студија, децата учат да се подготвуваат за состаноците за да можат да ги исполнат целите — давање смисловни коментари и запишување во Теократската школа за проповедање. Кога децата ги придружуваат своите родители во службата на теренот, тие учат да имаат удел во давањето сведоштво додека напредуваат кон целта да станат некрстени објавители. Родителите треба да ја држат пред своите мали деца целта — предание и крштавање.

3 Ако си тинејџер, што вклучуваат твоите духовни цели? „Спомнувај си за твојот Творец“, сосредоточувајќи се на вистински важните цели во животот (Проп. 12:1; Псал. 70:17). Зошто да не бидеш помошен пионер во текот на месеците кога си слободен од училиште? Дали си помислил да започнеш полновремено со службата како општ пионер? Што е со учењето нов јазик за во иднина да можеш да помагаш на некоја група или собрание на странски јазик во твоето подрачје или, пак, на некое друго место? Многу кои сега служат во Бетел, како патувачки надгледници или мисионери си ја поставиле специјалната полновремена служба како своја цел уште кога биле на училиште. Зошто и самиот не го сториш истото?

4 Додека си сѐ уште млад, стреми се да го имитираш Исусовиот пример. Дури и на млада возраст од 12 години, тој слободно зборувал за духовните работи (Лука 2:42—49, 52). Ако си поставуваш корисни цели: да имаш лична студија, секојдневно да ја читаш Библијата и редовно да се дружиш со зрелите христијани на состаноците и во службата, тоа ќе ти помогне да ја стекнеш вештината да ги поучуваш другите за Божјето Царство на начинот на кој поучувал Исус.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели