Надгледници кои преземаат водство — секретар
1 Собранискиот секретар игра многу важна улога во грижата „сѐ да се врши како прилега и уредно“ (1. Кор. 14:40). Како член на Службениот одбор на собранието, тој се грижи за собраниските соопштенија и важните записници. Иако неговите должности можеби не се толку видливи за секого, како што се должностите на другите старешини, сепак неговите услуги се многу потребни и ценети.
2 Кога ќе се добие пошта од Заедницата или од некој друг, секретарот ја презема и се грижи да се одговори кога е потребно. Се уверува дали писмата кои се примени поминале кај старешините и потоа ги архивира заради повремени информации. Ги проверува формуларите за нарачка на списанија и на литература и ги испраќа до Заедницата. Директно ги надгледува оние кои се грижат за сметките и претплатите, како и сите работи поврзани со конгресите.
3 Бидејќи секретарот мора да го испрати до Заедницата собранискиот месечен извештај за служба на теренот до шести во месецот, потребно е сите да ја известиме нашата активност на теренот веднаш штом ќе заврши месецот. Потоа ги внесува извештаите за службата на картичките Извештај на собраниски објавител. Секој објавител може да побара да го види својот извештај на активност.
4 Кога некој објавител ќе се пресели во или од собранието, секретарот бара од или, пак, испраќа до старешините од другото собрание писмо со препорака заедно со неговата картичка Извештај на собраниски објавител (Наша служба стр. 104, 105).
5 Секретарот ја проверува активноста на пионерите и постојано ги известува старешините, особено надгледникот за служба, за секакви проблеми кои можеби ги доживуваат пионерите. Им го свртува вниманието на водителите на Собраниска студија на книга за оние објавители кои се нередовни во службата на теренот. И секретарот и надгледникот за служба го преземаат водството во организирањето на напорите да се грижат за неактивните (Наша служба за Царството, декември 1987, стр. 3).
6 Сфаќајќи ги подобро должностите на секретарот, да правиме сѐ што можеме за да му го олесниме надгледувањето (1. Кор. 4:2).