ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/99 стр. 1
  • Поучени сме од Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поучени сме од Јехова
  • Нашата служба за Царството 1999
  • Сличен материјал
  • Обука за објавителите на Царството
    Божјето Царство владее!
  • Теократски школи — доказ за Јеховината љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Како Јеховините сведоци добиваат обука за службата што ја извршуваат?
    Најчесто поставувани прашања
  • Школа за оспособување на слуги — голема врата која води во активност
    Нашата служба за Царството 2004
Повеќе
Нашата служба за Царството 1999
km 6/99 стр. 1

Поучени сме од Јехова

1 Под божествено водство, сега во 233 земји дејствува една меѓународна образовна програма. Ништо што може да понуди овој свет не може да се спореди со неа. Нашиот голем учител, Јехова, нѐ поучува како да извлечеме корист сега, додека во исто време ни дава образование и за вечен живот (Иса. 30:20; 48:17).

2 Школи за божествено образование: Размисли за школите кои моментално се во тек во корист на Јеховиниот народ. Теократската школа за служба, која секоја седмица се води во околу 87.000 собранија, обучува милиони објавители на Царството да бидат делотворни министри на добрата вест. Дали ти си запишан во неа? Дали спаѓаш во илјадниците кои присуствувале на двонеделната Школа за пионерска служба? Можеби намаленото барање на часови за општите пионери ќе им овозможи на повеќемина да пионерат и да се квалификуваат за присуство на оваа школа. Двомесечната Школа за оспособување на слуги, која сега се води на главните јазици ширум светот, ги опремува неженетите старешини и слуги помошници да преземат поголеми теократски одговорности. Повремено, сите старешини и слуги помошници добиваат специјализирана поука во Школата за служба за Царството.

3 Објектите во образовниот центар Патерсон на Watchtower, во Њујорк, се користат за сместување на три специјални школи кои даваат напредно теократско обучување. Петмесечниот курс на библиската школа Гилеад на Watchtower подготвува министри за мисионерско дело на странско подрачје. Членовите на одборите на подружниците ширум светот присуствуваат на еден двомесечен курс за организација на подружницата. Во мај 1999, започна нов двомесечен курс за патувачки надгледници со еден клас од 48 студенти од Соединетите Држави и Канада. На сите Јеховини слуги на крајот многу им користело обучувањето што го дава Јехова преку овие различни школи.

4 Поучени — за која цел? Еден член на водечкото тело изјавил: „Нашата тековна образовна програма е наменета за да го доведе целиот Јеховин народ во добрата состојба на зрелост опишана во Изреки 1:1—4“. Јехова нека продолжи да му го дава секому од нас „јазикот на поучените“ (Иса. 50:4, NW).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели