Како да развиеме способност за расудување
1 Една дефиниција на зборот „расудување“ е „да се разговара со некого за да се влијае врз неговите постапки или мислења“. За да ја подобриш својата делотворност во службата, треба да ја негуваш способноста да расудуваш со оние што ќе ги сретнеш (Дела 17:2—4). Но, како можеш да ја развиеш оваа вештина?
2 Започнува со медитација: Кога ќе ги проучуваш библиските вистини, ќе ти биде од помош да размислуваш за тој материјал. Ако некој материјал ти изгледа малку потежок, одвој си извесно време да истражуваш и да медитираш за одговорите. Настојувај јасно да ги разбереш не само дадените објаснувања туку и библиските причини за овие објаснувања.
3 Вклучена е подготовка за службата: Размисли за тоа како би им ја објаснил вистината на различни луѓе. Смисли прашање кое поттикнува на размислување за да поттикнеш интерес. Одреди како да поврзеш некоја библиска мисла и расудувај за неа. Предвиди кои приговори би можеле да се појават и размисли за тоа како да дискутираш за нив. Издвој некоја врвна мисла од публикацијата што ја нудиш која би имала најдобра примена.
4 Следи го примерот на Исус: Исус поставил најдобар пример на делотворно расудување од Писмото. За да анализираш како поучувал тој, разгледај го извештајот што се наоѓа во Лука 10:25—37. Забележи го овој метод: 1) Насочи го вниманието врз Писмото кога ќе одговараш на прашањата на луѓето. 2) Замоли ги слободно да се искажат и пофали ги кога ќе дадат проникливи коментари. 3) Погрижи се врската помеѓу прашањето и Писмото да остане средишна точка на разговорот. 4) Употреби илустрација која допира до срцето за да се увериш дека е сфатена вистинската смисла на одговорот. (Види Стражарска кула од 1 јули 1986, страници 21, 22, пасуси 8—10.)
5 Користи ја алатката што ни е дадена: Расправљање на темељу Писма е објавена како прирачник за службата на теренот. Нејзините уводи, одговорите на потенцијални приговори за да се прекине разговорот и мислите за расудување ни помагаат да развиеме способност за расудување. Книгата Расправљање е скапоцена алатка која треба секогаш да ја носиме со себе во службата и да не се колебаме да ја користиме кога водиме библиски дискусии. Разгледај ги страници 7 и 8 од книгата за да видиш како да ја користиш на најкорисен начин.
6 Развивањето на способноста за расудување ќе ја зголеми твојата вештина во делото на проповедање и поучување. Од тоа ќе произлезат богати благослови за тебе и за оние што ги среќаваш во службата.