Нова програма за Денот на специјален собир
„Станете возрасни во способностите за разбирање“ е темата на програмата за Денот на специјален собир што ќе започне од септември 2000 (1. Кор. 14:20, NW). Зошто ќе биде корисно да присуствуваме? Живееме во свет кој е исполнет со злоба. За да му се спротивставиме, мора да ја развиваме нашата способност за духовно разбирање за да можеме да го победиме злото со добро. Во тоа ќе ни помогне програмата за Денот на специјален собир.
Во уводната сесија, покраинскиот надгледник ќе дискутира на темата „Помош за да станеме возрасни во разбирањето на Библијата“. Тој ќе ни покаже како да станеме стабилизирани во христијанската вера. Гостувачкиот говорник ќе нагласи на кој начин вистинската употреба, односно примена на библиските начела е неопходна за да станеме остроумни во согледувањето на работите, додека зборува на темата „Зачувај ја духовноста вежбајќи ја својата способност за согледување“.
И младите треба да стекнат способност за разбирање. За тоа ќе се дискутира во деловите „Зошто да бидеме бебиња во поглед на злото“ и „Млади кои стекнуваат разбирање сега“. Слушнете што прават некои млади за да се зајакнат духовно и за да можат да ја држат под контрола секоја љубопитност во врска со злобните активности во светот и да избегнуваат неволји.
Како да постигнеме најголема среќа во животот? Гостувачкиот говорник ќе го објасни ова во заклучниот говор „Извлечи корист од применувањето на библиските начела со разбирање“. Тој ќе даде примери кои ќе покажат дека применувањето на Божјата реч ни помага да се справиме со проблемите, да донесуваме одлуки и навистина да извлекуваме корист од она на што нѐ поучува Јехова.
Оние кои сакаат да го симболизираат своето предание на Бог со крштавање во вода на овој собир, треба да го информираат претседавачкиот надгледник колку што е можно поскоро. Забележи си на календарот веднаш кога ќе биде објавен датумот за Денот на специјален собир и направи дефинитивни планови да извлечеш корист од оваа богата програма. Не пропуштај ниту еден дел од Денот на специјален собир! Тој ќе те зајакне да истраеш во овој злобен систем и да му останеш верен на Јехова.