Не колебај се!
1 Кога се подготвуваме да појдеме да проповедаме од врата до врата, можеби најтешката врата на која ќе наидеме е нашата. Чувствата на недостаточност можат да нѐ расколебаат да појдеме да им ја кажуваме вистината на „сите видови луѓе“ (1. Тим. 2:4). Но, не треба да се колебаме да ја проповедаме добрата вест. Зошто?
2 Пораката е од Јехова: Јехова ја пренел својата реч преку Библијата. Кога им ја носиме оваа порака на другите, ние ги пренесуваме неговите мисли, а не нашите (Рим. 10:13—15). Кога некои ја одбиваат пораката за Царството, тие, всушност, го одбиваат Јехова. Сепак, не се обесхрабруваме. Уверени сме дека оваа порака ќе ја погоди вистинската жица во срцата на оние што копнеат по промена на светските услови и што се свесни за своите духовни потреби (Езек. 9:4; Мат. 5:3, 6).
3 Јехова ги привлекува луѓето: Некој што одбил да нѐ слуша во минатото, сега можеби е приемлив бидејќи неговите околности се промениле и состојбата на неговото срце омекнала. Можеби сега Јехова ја изразува својата добра волја кон него и ‚го привлекува‘ (Јован 6:44, 65). Кога ќе се случи тоа, сакаме да бидеме спремни Јехова да нѐ користи и да се подложиме на ангелското водство за да ги најдеме таквите (Отк. 14:6).
4 Бог ни го дава својот дух: Светиот дух ни овозможува да зборуваме „смело со овластување од Јехова“ (Дела 14:1—3). Потсетувајќи се дека ја имаме оваа силна поддршка во нашата служба, нема да се колебаме да им ја кажуваме вистината на соседите, колегите, соучениците, роднините или на високообразованите или богати луѓе.
5 Исус нѐ поучил како: Исус користел прашања што наведуваат на размислување, реалистични илустрации и библиско резонирање. Тој ја објаснувал вистината на едноставен, привлечен начин, од срце. И денес овие методи се најдобри (1. Кор. 4:17). Околностите под кои проповедаме можат да бидат различни, но силната порака за Царството останува иста.
6 Имаме предност Јехова да нѐ користи да им помагаме на луѓето на еден посебен и животоважен начин. Да не се колебаме! Да бидеме храбри и да дозволиме Јехова „да ни отвори врата за речта“ за да можеме да им ја зборуваме добрата вест на другите (Кол. 4:2—4).