Нудење литература на повеќејазично подрачје
1. Зошто многу собранија имаат потреба од литература на странски јазик?
1 На многу места, на теренот почнале да живеат луѓе од други земји. Многу од нив ја учат вистината многу побрзо и со подлабоко разбирање кога се поучени на нивниот мајчин јазик. Кои подготовки ги имаме за да им дадеме на заинтересираните лица библиски темелени публикации на јазикот што најдобро го разбираат?
2. Каква соработка е потребна кога две или повеќе собранија на различни јазици работат на исто подрачје?
2 Кога да се понуди литература: Кога две или повеќе собранија на различни јазици работат на исто подрачје, старешинското тело во соработка со надгледниците за служба ќе организира систем што е прифатлив за сите така што секоја јазична група ќе може да даде темелно сведоштво. Кога проповедаат од куќа до куќа, објавителите обично нема да нудат литература на јазикот на другото собрание (или собранија). Меѓутоа, кога објавителите сведочат неформално или на јавни места, можат да понудат литература на јазикот на таа заедница. (Види ја „Рубрика прашања“ од Наша служба за Царството од октомври 1990.)
3. Кога едно собрание ќе набави литература на странски јазик?
3 Кога да се набави литература: Што може да се направи ако во некоја област има прилично голем број население што зборува странски јазик но нема собрание баш на тој јазик? Во такви околности, собранијата можат да набават мал број од основната литература што е достапна на тој јазик, како што се трактати, брошурите Бара и Божји пријател и книгата Спознание. Објавителите можат да ја нудат оваа литература секогаш кога ќе наидат на луѓе што можат да читаат на тој јазик.
4. Како може да се набави литература на јазик кој собранието го нема на располагање?
4 Како да се нарача литература: Ако во собранието нема на располагање литература на јазикот на кој некое заинтересирано лице чита, како може да се набави литература на тој јазик? Објавителот треба да провери кај слугата за литература за да видат кои публикации се достапни на тој јазик со цел да можат да ги нарачаат потребните публикации со следната собраниска нарачка на литература.
5. Што може да се направи ако е потребна литература пред да биде добиена следната нарачка на литература?
5 Ако е потребно итно да се добие таква литература, објавителот може да праша некој член од Собранискиот одбор за служба дали може да се направи нарачка пред следната собраниска нарачка на литература што е на распоред. Ако е одобрено, слугата за литература може да испрати итна нарачка по пошта или по телефон до канцеларијата на Бетелот.
6. Која е нашата цел кога ги ставаме на располагање христијанските публикации?
6 Добро да ги користиме христијанските публикации за да им помогнеме на „сите видови луѓе“, без оглед на нивниот јазик, ‚да дојдат до точно спознание на вистината и да се спасат‘ (1. Тим. 2:3, 4).