Извлечи корист од проучувањето на книгата Приближи му се на Јехова
1 Бевме воодушевени кога на обласниот конгрес „Ревносни објавители на Царството“ ја добивме книгата Приближи му се на Јехова. Многумина веднаш ја прочитаа книгата. Мнозина други без сомнение беа поттикнати да го направат тоа од годишниот стих за 2003: „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“ (Јак. 4:8).
2 Во март, на Собраниска студија на книга ќе почнеме да ја разгледуваме книгата Приближи му се на Јехова. Како можеме да извлечеме најголема корист од проучувањето? Неопходна е подготовка. На секое поглавје ќе бидат посветени две седмици, а секоја седмица ќе има релативно мал број пасуси за проучување. Ова ќе ти даде доволно време за да подготвиш длабоки коментари темелени на она што си го проучувал и за да медитираш за материјалот. Освен тоа, во седмицата кога ќе се повторува заклучниот дел од поглавјето, ќе се разгледуваат уште помалку пасуси, за да има време да се употреби некое посебно обележје на книгата.
3 Почнувајќи од 2. поглавје, при крајот на секое поглавје има една рамка со наслов „Прашања за медитирање“. Откако ќе биде разгледан последниот пасус од поглавјето, надгледникот на студија на книга ќе ја замоли групата да дискутира за рамката. Тој ќе ги поттикне членовите на групата да ги искажат своите мисли за да ги извлече интересните точки од тоа што го медитирале за стиховите (Посл. 20:5). Освен прашањата што се дадени во рамката, одвреме навреме може да постави вакви прашања: „Што ни кажува оваа информација за Јехова? Како влијае врз нашиот живот? Како можеме да ја користиме за да им помогнеме на другите?“ Негова цел ќе биде да извлече искрени коментари, а не да ја испрашува групата за некои релативно ситни детали.
4 Приближи му се на Јехова е уникатна книга. Иако сите публикации од „верниот и разборит роб“ го слават Јехова, оваа книга целосно е посветена на тоа да дискутира за особините на Јехова (Мат. 24:45—47). Нѐ очекува една возбудлива прилика! Ќе извлечеме голема корист од темелното проучување на Јеховината личност. Нека ова проучување ни помогне да му се приближиме на нашиот небесен Татко и да станеме поделотворни за да им помогнеме на другите да го направат истото.