Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 мај
„Сте размислувале ли некогаш дали работите што луѓето ги прават можат некако да влијаат врз Бог? [Дозволи одговор.] Видете на кој начин можат да влијаат нашите постапки врз чувствата на Бог [Прочитај Пословици 27:11.] Ова списание разгледува некои примери на луѓе што го радувале срцето на Бог, и објаснува како можеме и ние да го правиме тоа.“
Стражарска кула 1 јуни
„Некои луѓе сметаат дека не мораат да бидат дел од некоја организирана религија за да го обожаваат Бог. Сте размислувале ли некогаш Вие за тоа? [Дозволи одговор.] Ова списание го испитува записот за тоа како постапувал Бог со луѓето во минатото. Исто така, го разгледува и тоа што значи да се обожава Бог со дух и со вистина.“ Прочитај Јован 4:24
Разбудете се! 8 јуни
„Едно време, многу луѓе живееја во страв од нуклеарна војна. Дали мислите дека денес е можна нуклеарна војна? [Дозволи одговор.] Ова списание го испитува тековниот развој на настаните во светот кој нѐ засега сите нас. Исто така, го објаснува и ветувањето од Библијата за свет во кој стравот ќе биде само минато.“ Прочитај Софонија 3:13.