Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 1 август
„Дали се согласувате дека секое семејство ќе биде посреќно ако ја послуша оваа заповед на Исус? [Прочитај Јован 13:34. Почекај да одговори.] Оваа статија покажува како учењата и примерот на Исус можат да му користат на секој член на семејството.“ Покажи ја статијата на страници 16 и 17.
Разбудете се! Август
„Што мислите, дали човечките влади ќе го решат проблемот со глобалното затоплување? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Еремија 10:23.] Се надевам дека оваа статија ќе Ви се допадне. Во неа ќе прочитате какво решение има Бог за проблемите што ѝ се закануваат на нашава планета.“
Стражарска кула 1 септември
„Веројатно Ви се познати овие зборови на Исус. [Прочитај Матеј 6:9.] Сепак, на многумина им е тешко да го чувствуваат Бог како свој Татко. Што мислите, како би можеле да станеме поблиски со Бог? [Почекај да одговори.] Во ова списание ќе прочитате за некои особини на нашиот небесен Татко и за тоа како би можеле вистински да го запознаеме.“
Разбудете се! Септември
„Луѓето отсекогаш имале различни мислења за тоа дали постои живот по смртта. Што мислите Вие за тоа? [Почекај да одговори.] Забележете во што верувал Јов. [Прочитај Јов 14:14, 15.] Во оваа статија ќе прочитате што вели Библијата за тоа дали има живот по смртта.“