Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 1 септември
„Што мислите, каде би можеле да најдеме добри совети кога треба да донесеме важни одлуки? [Почекај да одговори. Прочитај Изреки 3:5, 6.] Оваа статија зборува за тоа колку е мудро да размислиме за последиците пред да донесеме некаква одлука.“ Покажи ја статијата на 8. страница.
Разбудете се! Септември
„Што мислите, дали Бог сакал луѓето да трпат глад, како што денес се случува на многу места во светот? [Почекај да одговори.] Видете што ќе стори тој за да го реши овој проблем. [Прочитај Псалм 72:16.] Оваа статија објаснува како Бог ќе го обнови Рајот на Земјата.“ Покажи ја статијата на 7. страница.
Стражарска кула 1 октомври
„Во овие нестабилни времиња, многумина се загрижени за иднината. Што ќе ни помогне да останеме позитивни? [Почекај да одговори.] Видете што ветува Библијата. [Прочитај Исаија 65:17.] Во ова списание се наведени неколку добри причини зошто можеме позитивно да гледаме на иднината.“
Разбудете се! Октомври
„Интернетот е корисен, но може да биде и многу опасен за децата. Што мислите, како би можеле да ги заштитиме? [Почекај да одговори.] Би сакал да ви прочитам една мисла во врска со тоа. [Прочитај го и објасни го Изреки 18:1.] Ова е едно од шесте библиски начела обработени во оваа статија кои можат да им помогнат на родителите да ги заштитат своите деца.“ Покажи ја статијата на 8. страница.