Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 1 октомври
„Стручњаците признаваат дека таткото има многу важна улога во семејниот живот. Што мислите, што е потребно за да се биде добар татко? [Почекај да одговори.] Исус нагласил колку му помогнал примерот на неговиот Татко. [Прочитај Јован 5:19.] Во оваа статија се наведени шест важни работи што се очекуваат од еден добар татко.“ Покажи ја статијата што почнува на 18. страница.
Разбудете се! Октомври
„Луѓето од различни религии имаат спротивни гледишта за тоа каков е Бог. Но, како го опишал Божјиот Син? Видете што кажал Исус во овој стих од Библијата. [Прочитај Јован 4:24.] На само две страници, во оваа статија ќе прочитате што вели Библијата за прашањето: ‚Какво битие е Бог?‘“ Покажи ја статијата на страници 24 и 25.
Стражарска кула 1 ноември
„Многу луѓе не можат да сфатат како може еден Бог полн со љубов вечно да ги мачи умрените. Што мислите Вие за тоа? [Почекај да одговори.] Библијата јасно покажува дека Бог не е суров ниту одмаздољубив. [Прочитај Езекиел 18:23.] Верувам дека ќе Ви се допаднат библиските докази што се изнесени во ова списание.“
Разбудете се! Ноември
„Луѓето честопати мислат дека се успешни оние што се славни, богати или моќни. Што е за Вас мерило за успехот? [Почекај да одговори.] Видете што вели Библијата за патот до успехот. [Прочитај Псалм 1:1-3.] Оваа статија наведува шест чекори што водат до успехот.“ Покажи ја статијата на 6. страница.