ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/09 стр. 2
  • „Зачувај ја Божјата љубов“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Зачувај ја Божјата љубов“
  • Нашата служба за Царството 2009
  • Сличен материјал
  • Писмо од Водечкото тело
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Писмо од Водечкото тело
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Што значи љубовта кон Бог
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Божјата љубов ќе трае засекогаш
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
Повеќе
Нашата служба за Царството 2009
km 1/09 стр. 2

„Зачувај ја Божјата љубов“

1. Која е целта на книгата Зачувај ја Божјата љубов?

1 Почнувајќи од 23 февруари, на Собраниското проучување на Библијата ќе ја обработуваме книгата Зачувај ја Божјата љубов. Сигурно со нетрпение го очекуваш тоа! Писмото што Водечкото тело го упатува до сите што го сакаат Јехова завршува со овие зборови: „Од срце се надеваме дека оваа книга ќе ти помогне да продолжиш да живееш според вистината. Тоа, пак, ќе ти помогне да ја зачуваш Божјата љубов ‚и да се надеваш на вечниот живот‘ (Јуда 21)“.

2. На кои подрачја од животот ќе ни помогне новата книга?

2 Како ќе ни користи: Ќе дознаеме на кој начин можат да се применат библиските начела на подрачја, како што се дружењето, забавата, почитувањето на авторитетот, личните навики, бракот, говорот и обичаите. Исто така, нашата совест ќе биде обликувана според високите праведни мерила кои се наоѓаат во Божјата реч (Пс. 19:7, 8). Колку повеќе разбираме како размислува Јехова, толку повеќе ќе сакаме го радуваме, а тоа ќе нѐ поттикне да му бидеме послушни на сите подрачја од животот (Изр. 27:11; 1. Јов. 5:3).

3. Зошто треба да бидеме решени да коментираме секоја седмица?

3 Биди решен да коментираш: Кога ќе се подготвуваш, постави си за цел да го славиш Бог меѓу неговиот народ (Евр. 13:15). Целото собрание заедно ќе ја проучува и ќе дискутира за оваа нова книга. Материјалот што ќе го обработуваме секоја седмица не е голем, па затоа ќе можеме потемелно да се подготвуваме. Тоа ќе ни помогне и послободно да коментираме. Со нашите добро подготвени и кратки коментари ќе ги поттикнеме другите кон љубов и кон добри дела, и ќе придонесеме состанокот да биде интересен и корисен за сите (Евр. 10:24). Исто така, ќе чувствуваме поголема радост ако зборуваме за нашата вера.

4. Зошто е неопходно да ги држиме Јеховините заповеди?

4 Последната вечер од својот живот на Земјата, Исус објаснил дека, ако сакаме да останеме во Божјата љубов, мораме да ги држиме заповедите на Јехова (Јован 15:10). Со помош на книгата Божјата љубов, ќе бидеме решени повеќе од кога и да било порано да ги применуваме библиските начела во секојдневниот живот и да ја зачуваме Божјата љубов (Јуда 21).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели