ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/11 стр. 4-6
  • Можеш ли да ‚прејдеш во Македонија‘?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Можеш ли да ‚прејдеш во Македонија‘?
  • Нашата служба за Царството 2011
  • Сличен материјал
  • Можеш ли да прејдеш во Македонија?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Можеш ли да служиш на странски терен?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Како може да ја зголемиш својата служба?
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Дали да живеам во странство?
    Разбудете се! 2000
Повеќе
Нашата служба за Царството 2011
km 8/11 стр. 4-6

Можеш ли да ‚прејдеш во Македонија‘?

1. Зошто Павле и неговите придружници отишле во Македонија?

1 Околу 49 год. од н.е., апостол Павле заминал од сириска Антиохија и тргнал на своето второ мисионерско патување. Имал намера да оди во Ефес и во други градови во Мала Азија. Но, преку светиот дух добил видение во кое му било кажано да не оди таму, туку да ‚прејде во Македонија‘. Тој и неговите придружници со задоволство прифатиле и имале чест да го основаат првото собрание во таа област (Дела 16:9, 10; 17:1, 2, 4). Денес, во некои делови од светот има голема потреба од повеќе работници на жетвата (Мат. 9:37, 38). Дали си во можност да помогнеш?

2. Зошто некои не размислуваат да се преселат во друга земја?

2 Можеби би сакал да бидеш мисионер како Павле, но никогаш не си размислувал сериозно за преселба во друга земја. На пример, можеби не си во можност да добиеш обука на Школата Гилеад поради твојата возраст, затоа што си немажена сестра или затоа што имаш малолетни деца. Можеби не си размислувал да се селиш во друга земја затоа што се плашиш дека не би можел да научиш друг јазик. Или можеби во земјата во која сега живееш си дошол како доселеник од финансиски причини и затоа се колебаш пак да се селиш. Меѓутоа, откако ќе размислиш во молитва, можеби ќе сфатиш дека таквите околности не мора да те спречат да се преселиш во земја каде што има потреба.

3. Зошто не е потребна мисионерска обука за успешно да проповедаш во друга земја?

3 Дали мора да имаш мисионерска обука? Што им помогнало на Павле и на неговите придружници да бидат успешни? Тие се потпирале на Јехова и на неговиот свет дух (2. Кор. 3:1-5). Според тоа, дури и ако твоите околности не ти дозволуваат да ја добиеш ова посебна обука, сепак можеш успешно да проповедаш во друга земја. Исто така, имај на ум дека ти веќе добиваш обука преку Теократската школа за служба и Состанокот за нашата служба. А доколку имаш цел да присуствуваш на Школата Гилеад или на некоја слична школа, со тоа што ќе се преселиш во друга земја за да ја вкусиш мисионерската служба ќе стекнеш вредно искуство што подоцна ќе можеш да го искористиш ако бидеш примен на дополнителна обука.

4. Зошто постарите не треба да ја отфрлат идејата дека би можеле да се преселат во друга земја за да проповедаат?

4 Постари лица: Духовно зрелите постари браќа и сестри со релативно добро здравје можат многу да помогнат во земјите во кои има потреба од објавители. Дали си веќе пензиониран? Некои и со скромна пензија можат добро да живеат во некоја посиромашна земја каде што трошоците, вклучувајќи ги и здравствените трошоци, се многу помали отколку во нивната земја.

5. Раскажи го искуството на еден пензиониран брат што се преселил во друга земја.

5 Еден пензиониран брат од земја каде што се зборува англиски, кој е старешина и пионер, се преселил во едно познато туристичко место во Југоисточна Азија за да ѝ помага на тамошната група на англиски јазик со девет објавители. Тие им проповедале на 30.000 странци што живеат во таа област. За две години, на состаноците веќе имало по 50 присутни. Братот напишал: „Со тоа што се преселив овде, ги доживеав најубавите благослови во мојот живот. За да ви опишам макар делче од нив, ќе треба да зборувам со денови!“

6. Раскажи го искуството на немажена сестра која се преселила во земја каде што има поголема потреба.

6 Немажени сестри: Јехова во голема мера и со одлични резултати ги користи сестрите за да ја објавуваат добрата вест во земјите каде што има поголема потреба од објавители (Пс. 68:11). Една млада немажена сестра си поставила цел да проповеда во поголема мера во друга земја но, родителите биле загрижени за нејзината безбедност, што е сосема разбирливо. Затоа, таа избрала земја што е политички и економски стабилна, пишала до подружницата и добила корисни, конкретни информации. Во текот на шесте години што ги поминала во таа земја, доживеала многу благослови. Таа вели: „Дома немав многу прилики за библиски студии. Но, со тоа што служев во земја каде што има поголема потреба можев да водам многу студии и да научам подобро да поучувам“.

7. Раскажи го искуството на семејство што се преселило во друга земја.

7 Семејства: Ако имаш деца, дали тоа мора да те спречи да се преселиш во друга земја за да ја објавуваш добрата вест? Едно семејство со две деца на возраст од осум и десет години решило да проба. Мајката пишува што доживеале: „Благодарни сме што можевме овде да ги пораснеме децата, зашто се дружеа со специјални пионери и мисионери. Животот ни е поисполнет затоа што служиме таму каде што има поголема потреба“.

8. Можно ли е да се служи во друга земја без да мораш да учиш јазик? Објасни.

8 Грижи околу јазикот: Дали помислата да учиш странски јазик те спречува да се преселиш во друга земја? Веројатно твојот јазик се зборува и во други земји каде што има поголема потреба од објавители на Царството. Еден брачен пар, чиј мајчин јазик е англиски, се преселил во земја каде што се зборува шпански, но има и прилично голем број емигранти што зборуваат англиски. Откако од подружницата добиле информации за неколку собранија на англиски јазик во кои имало потреба од повеќе објавители, избрале едно и го посетиле двапати. Се вратиле дома, ги намалиле своите месечни трошоци и заштедиле доволно пари за една година. Кога биле спремни да се преселат, браќата од тој крај им помогнале да најдат сместување по соодветна цена.

9, 10. За што би можеле да размислат оние што се иселиле од својата земја, и зошто?

9 Иселеници: Дали се имаш иселено во друга земја, можеби уште пред да ја запознаеш вистината? Можеби има потреба од повеќе работници на жетвата во твојата родна земја. Би можел ли да се вратиш за да помогнеш? Веројатно ти ќе најдеш работа и сместување полесно отколку некој странец. Најверојатно веќе го зборуваш јазикот. Освен тоа, можеби луѓето ќе бидат поспремни да ја чујат пораката за Царството од тебе отколку од некој што го сметаат за туѓинец.

10 Еден човек отишол од Албанија во Италија како бегалец, нашол добра работа и му испраќал пари на своето семејство во Албанија. Откако ја запознал вистината, почнал да ги учи албански јазик една група специјални пионери Италијанци кои требало да се преселат таму за да служат каде што има поголема потреба. Братот пишува: „Тие одеа во земјата од каде што јас си заминав. Не го знаеја јазикот, но беа пресреќни што ќе одат. Јас ги знаев и албанскиот јазик и албанскиот менталитет. Се прашував што воопшто барам во Италија“. Братот решил да се врати во Албанија за да помогне во ширењето на добрата вест. Тој вели: „Дали жалам што во Италија оставив добро платена работа? Ни најмалку! Во Албанија правам нешто што навистина вреди. Сметам дека е најважно да му служиме на Јехова со сето срце и дека само тоа нѐ исполнува со трајна среќа!“

11, 12. Што треба да направат оние што размислуваат да се преселат во друга земја?

11 Како да се направи тоа: Пред да одат во Македонија, Павле и неговите придружници имале намера да тргнат кон запад, но ‚светиот дух им забранил‘, па затоа тргнале на север (Дела 16:6). Кога биле близу до Витинија, Исус не им дозволил да одат таму (Дела 16:7). Преку Исус, Јехова продолжува да го надгледува делото на проповедање (Мат. 28:20). Затоа, ако размислуваш да се преселиш во друга земја, моли го Јехова да ти даде водство (Лука 14:28-30; Јак. 1:5; види ја рамката „Како да дознаеш дали во земјата што те интересира има потреба“).

12 Замоли ги старешините и други зрели христијани отворено да ти кажат што мислат (Изр. 11:14; 15:22). Читај статии во наши публикации во кои се зборува за служење во друга земја и истражувај во врска со земјите што те интересираат. Би можел ли да ја посетиш земјата што најмногу те интересира, можеби на малку подолг период? Ако сериозно имаш намера да се преселиш во друга земја, во тековниот Годишник можеш да ја најдеш адресата на подружницата во таа земја и да пишеш писмо во кое ќе побараш повеќе информации. Меѓутоа, наместо да го пратиш писмото директно до подружницата, дај им го на старешините од твоето собрание, кои ќе дадат и свои коментари пред да го испратат. (Види во книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја, страници 111-112.)

13. Во што ќе ти помогне подружницата, но што е твоја одговорност?

13 Подружницата ќе ти прати корисни информации во врска со земјата за да ти помогне да донесеш одлука, но не може да ти прати гарантно писмо или да ти обезбеди престој, виза или други правни барања или, пак, да ти обезбеди сместување. Тоа се лични работи за кои ќе мораш добро да се распрашаш пред да се преселиш. Освен тоа, твоја одговорност е да контактираш со амбасадите или конзулатите за да добиеш информации во врска со барањата за виза и за работна дозвола. Оние што ќе се преселат треба да бидат во состојба да се грижат за своите потреби и законски барања (Гал. 6:5).

14. На што треба да внимаваш кога посетуваш или кога се селиш во земја каде што делото е забрането?

14 Земји во кои делото е забрането: Во некои земји, тамошните браќа мораат да бидат многу претпазливи во врска со нивната служба за Бог (Мат. 10:16). Објавителите што ќе ги посетат тие земји или ќе се преселат таму би можеле ненамерно да привлечат внимание и да ја загрозат безбедноста на локалните браќа. Ако размислуваш да се преселиш во таква земја, пред да го направиш тоа, те молиме, преку старешинството во твоето собрание пиши до вашата подружница.

15. Како би можеле да ја зголемат својата служба оние на кои околностите не им дозволуваат да се преселат во друга земја?

15 Ако не можеш да се преселиш: Ако не си во можност да се преселиш во друга земја, не се обесхрабрувај. Можеби тебе ти е отворена друга „голема врата за работа“ (1. Кор. 16:8, 9). Можеби твојот покраински надгледник знае места во близина каде што има поголема потреба од објавители. Би можел да помогнеш во собрание или група на друг јазик што е близу до твоето место. Или би можел да ја зголемиш службата во твоето собрание. Без разлика какви ти се околностите, важно е со сета душа да му служиш на Бог (Кол. 3:23).

16. Како треба да се однесуваме со оние што сакаат да се преселат во друга земја?

16 Познаваш ли некој духовно зрел христијанин кој има цел да служи во друга земја? Давај му поддршка и храбри го! Кога Павле заминал од сириска Антиохија, тоа бил третиот по големина град во Римското Царство (после Рим и Александрија). Со толку големо подрачје, на собранието во Антиохија сигурно многу му значела помошта на Павле и многу ќе им недостигал ако си заминел. Сепак, Библијата не кажува дека браќата го терале Павле да остане. Наместо да мислат само на себе, тие имале на ум дека „нивата е светот“ (Мат. 13:38).

17. Од кои причини треба да размислиме ‚да прејдеме во Македонија‘?

17 Павле и неговите придружници доживеале големи благослови затоа што се оѕвале на повикот да прејдат во Македонија. Додека биле во македонскиот град Филипи, наишле на Лидија и ‚Јехова ѝ го отворил срцето да го прифати она што го зборувал Павле‘ (Дела 16:14). Замисли си колку биле среќни кога Лидија и сите нејзини домашни се крстиле! Во многу земји има искрени лица како Лидија кои сѐ уште не ја чуле пораката за Царството. Ако ‚прејдеш во Македонија‘, може да ги најдеш и да им помогнеш, а тоа ќе ги донесе голема радост.

[Рамка на страница 5]

Како да дознаеш дали во земјата што те интересира има потреба

• Провери во овогодишниот Годишник. Обрни особено внимание на тоа колку објавители има во однос на бројот на жители.

• Со помош на Индексот побарај статии и искуства од таа земја.

• Разговарај со објавители што ја посетиле или живееле во таа земја.

• Ако размислуваш да одиш во земја каде што ќе можеш да проповедаш на твојот мајчин јазик, провери во световни извори, како што е интернет, колку луѓе во таа земја го зборуваат твојот јазик.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели