ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/12 стр. 1-4
  • Дали ги користиш овие брошури?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали ги користиш овие брошури?
  • Нашата служба за Царството 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Библијата — која е нејзината порака?
  • Книга за сите луѓе
  • Ти можеш да бидеш Божји пријател
  • Ќе постои ли некогаш свет без војни?
  • Задоволувачки живот — како да се постигне
  • Дали животот е Божје дело?
  • Водството на Бог — нашиот пат до Рајот
  • Të kesh vërtet besim — Çelësi për një jetë të lumtur
  • Ќе нудиме нова брошура!
    Нашата служба за Царството 2010
  • Како да ја користиме Добра вест од Бог!
    Нашата служба за Царството 2013
  • Имитирај го Јехова, грижејќи се вистински за другите
    Нашата служба за Царството 1996
  • Користи различни брошури во својата служба
    Нашата служба за Царството 1995
Повеќе
Нашата служба за Царството 2012
km 1/12 стр. 1-4

Зачувај!

Дали ги користиш овие брошури?

Библијата — која е нејзината порака?

Наменета е за оние што не знаат многу за Библијата, особено оние што не се христијани.

Како да ја понудиш: „Би сакале да чуеме што мислите за овие зборови од Светото писмо (или од оваа света книга). [Прочитај Псалм 37:11, за кој се зборува во 11. дел.] Што мислите, каква ќе биде Земјата кога ќе се исполни ова пророштво? [Почекај да одговори.] Ова е еден пример за тоа каква надеж и утеха може да им даде Библијата на луѓето од сите вери и култури“. Прочитај го пасусот на почетокот од 3. страница и понуди ја брошурата.

Предлог: Ако ја проучуваш Библијата со помош на книгата Што учи Библијата со некој што не е христијанин, на почетокот или на крајот на секоја студија одвој по неколку минути за да разгледате еден дел од оваа брошура за да добие општ преглед на она што стои во Библијата.

Книга за сите луѓе

Наменета е за луѓе со високо образование кои не се запознати со Библијата

Како да ја понудиш: Прочитај 2. Тимотеј 3:16, 17. Потоа би можел да речеш: „Што мислите Вие за овие зборови? Сметате ли дека Библијата е вдахновена од Бог или мислите дека е само добра книга? [Почекај да одговори.] Повеќето луѓе имаат некакво мислење по ова прашање, но реалноста е дека само малкумина ја имаат прочитано Библијата. [Прочитај го искуството под насловот на 3. страница.] Во оваа интересна брошура се изнесени добри причини зошто луѓе од најразлично потекло и религија треба да ја прочитаат Библијата“.

Предлог: Ако станарот ја земе брошурата, би можел да речеш: „Една причина зошто многу луѓе мислат дека во Библијата нема да најдат нешто што би им користело е затоа што религијата го извртува она што стои во неа и нејзините учења. Кога ќе дојдам пак, би можеле да разгледаме нешто во врска со тоа“. Следниот пат, разгледајте некои од информациите што се наоѓаат на страници 4-5.

Ти можеш да бидеш Божји пријател

Наменета е за луѓе со мало образование или што не читаат добро (Оваа брошура ја има и на ромски јазик.)

Како да ја понудиш: „Што мислите, би можеле ли да бидеме пријатели со Бог? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Јаков 2:23.] Оваа брошура може да ни помогне да станеме Божји пријатели, како што бил и Авраам“.

Предлог: Уште при првиот разговор или на повторната посета покажи му на станарот како се проучува Библијата така што ќе ја разгледате 1. лекција цела или дел од неа.

Ќе постои ли некогаш свет без војни?

Наменета е за Евреи

Како да ја понудиш: „Низ историјата луѓето виделе и претрпеле многу страдања поради војните. Што мислите, зошто војните сѐ уште беснеат иако луѓето велат дека посакуваат мир? [Почекај да одговори.] Ова пророштво што го запишал Исаија ни дава надеж. [Прочитај Исаија 2:4.] Меѓутоа, ова повлекува неколку прашања: Кога и како ќе се исполни пророштвото на Исаија? Зошто можеме да се потпреме на ветувањето што го дава Библијата? Одговорот на овие прашања ќе го најдете во оваа брошура“.

Предлог: Ако станарот ја земе брошурата, замоли го да отвори на страници 16-17 и речи: „Мнозина, кога ќе помислат на ѕверствата што се прават, како што е холокаустот, велат: ‚Ако постои Бог, зошто дозволува луѓето да страдаат?‘ За тоа може да зборуваме следниот пат кога ќе дојдам“.

Задоволувачки живот — како да се постигне

Наменета е за луѓе што не се религиозни

Како да ја понудиш: „Денес многу луѓе сакаат да бидат посреќни, да имаат поисполнет живот. Сите нѐ снаоѓаат проблеми што ни ја крадат радоста. Кога ќе се случи тоа, можеби бараме совет од некој близок пријател или роднина или, пак, во некоја книга или на интернет. Каде Вие наоѓате такви совети? [Почекај да одговори.] Некои биле изненадени што можеле да најдат практични совети во Библијата. Еве еден таков совет. [Покажи му го на станарот 2. поглавје, и прочитај еден од цитираните стихови.] Во оваа брошура е објаснето што ќе ни помогне да имаме поисполнет живот“.

Предлог: Ако станарот ја земе брошурата, би можел да речеш: „Многу се зборува за тоа дека Библијата е полна со неточни информации. Следниот пат кога ќе дојдам, би сакал да Ви покажам еден интересен пример за научно точен факт од Библијата“. На повторната посета разгледајте го 4. пасус на 12. страница.

Дали животот е Божје дело?

Наменета е за еволуционисти, агностици и атеисти. Од помош им е и на младите христијани кои на училиште учат за еволуцијата

Како да ја понудиш: „Што мислите, дали е поразумно да веруваме дека Бог го создал животот или дека животот започнал случајно и еволуирал? [Почекај да одговори.] Нашиот став во врска со тоа како настанал животот многу влијае врз нашето гледиште за иднината. На пример, видете ја изјавата на 29. страница од оваа брошура Дали животот е Божје дело? [Прочитај го 1. пасус, почнувајќи од втората реченица, а потоа последната реченица од 2. пасус.] Дали се согласувате со овој заклучок? [Почекај да одговори.] Видете една сосема спротивна изјава во овој пасус. [Прочитај го 4. пасус на 29. страница.] Се разбира, за она во што веруваме треба да имаме цврсти докази. Оваа брошура ќе ви помогне да разгледате само некои докази дека животот е Божје дело и дека Библијата е веродостојна“.

Предлог: Ако сѐ уште одиш на училиште, остави ја брошурата на клупата и види дали ќе му ја заскокотка љубопитноста на некој од соучениците.

Водството на Бог — нашиот пат до Рајот

Наменета е за муслимани кои живеат во средина каде што може слободно да ја проучуваат Библијата

Како да ја понудиш: „Сум чул дека муслиманите веруваат во еден вистински Бог и во сите пророци. Точно ли е тоа? [Почекај да одговори.] Би сакал да позборуваме за едно древно пророштво кое кажува дека Земјата ќе биде претворена во рај. Може ли да Ви прочитам што напишал пророкот? [Прочитај Исаија 11:6-9.] Многумина се чудат како ќе успее Бог да го направи тоа. Оваа брошура објаснува што кажуваат пророците на оваа тема“.

Предлог: Ако станарот ја земе брошурата, би можел да речеш: „Оваа света книга објаснува дека во почетокот човекот живеел во рај. Следниот пат кога ќе дојдам, би сакал да позборуваме во врска со ова прашање: ‚Како човекот го отфрлил Божјето водство и го изгубил рајот?‘“ На повторната посета, разгледајте го делот што почнува со насловот на 6. страница.

Të kesh vërtet besim — Çelësi për një jetë të lumtur

Наменета е за муслимани кои живеат во средина каде што можат слободно да ја проучуваат Библијата (Ја нема на македонски, но може да се нарача на албански, бошњачки, српски или турски јазик.)

Како да ја понудиш: Покажи ја сликата на страници 16-17 и речи: „Оваа сцена многу се разликува од она што го гледаме околу нас. Што мислите, можно ли е еден ден светот да стане ваков? [Почекај да одговори.] Видете какво ветување има во оваа света книга. [Прочитај од твојата Библија еден од цитираните стихови во брошурата.] Оваа брошура ни помага да стекнеме вера дека овие ветувања ќе се остварат“.

Предлог: На крајот од првиот разговор, покажи му ги на станарот прашањата на последната страница од брошурата и прашај го кое му е најинтересно. Потоа договори се повторно да дојдеш за да го разгледате одговорот од брошурата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели