ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/12 стр. 1
  • Почни да планираш уште сега

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Почни да планираш уште сега
  • Нашата служба за Царството 2012
  • Сличен материјал
  • Зголеми ја својата радост во периодот околу Спомен-свеченоста
    Нашата служба за Царството 2014
  • Ќе бидеш ли и ти помошен пионер?
    Нашата служба за Царството 2013
  • Објавувајте ги доблестите на Јехова
    Нашата служба за Царството 2007
  • Прилики да го величаме Јехова уште повеќе
    Нашата служба за Царството 2013
Повеќе
Нашата служба за Царството 2012
km 2/12 стр. 1

Почни да планираш уште сега

1. Каква убава прилика имаме во периодот околу Спомен-свеченоста, и како можеме да се подготвиме за тоа?

1 Секоја година, во периодот околу Спомен-свеченоста имаме многу прилики ‚да го величаме Јехова‘ (Пс. 109:30). Од почит кон Бог кој ја дал откупнината, ќе се потрудиш ли во март да ја зголемиш службата? Сега е време да почнеш да правиш планови (Изр. 21:5).

2. Како реагиравте ти и другите кога беше кажано дека во април минатата година ќе може да се биде помошен пионер со помала квота часови?

2 Помошна пионерска служба: Минатата година собранијата беа многу возбудени и радосни кога чуја дека имаат можност да служат како помошни пионери во април со помалку часови. Еден брат напиша: „Јас сум средношколец и не сум во можност да ја исполнам квотата часови што се бара за општа пионерска служба. Но, во април ќе се пријавам како помошен пионер и ќе наведам 30 часови на молбата, ама ќе се трудам да направам 50“. Една вработена сестра напиша: „Триесет часа? Многу реално!“ Кога беше дадено ова известување, една сестра која порано служела како пионер, а која сега има над 80 години, рече: „Ова го чекав! Јехова знае дека најубавите години од животот ми се оние што ги поминав во пионерска служба!“ Други, пак, што не беа во можност да служат како помошни пионери си поставија цел да ја зголемат службата.

3. Од кои причини треба да размислиме да бидеме помошни пионери во март, април и мај?

3 Март ќе биде одличен месец за помошна пионерска служба зашто повторно ја имаме можноста да поминеме 30 или 50 часа во службата. Освен тоа, почнувајќи од сабота, 17 март, ќе учествуваме во една посебна акција во која ќе ги каниме луѓето да дојдат на Спомен-свеченоста на 5 април. Мнозина толку ќе уживаат во зголемената служба што ќе сакаат да бидат помошни пионери и во април и мај, исполнувајќи квота од 50 часа.

4. Како можеме да си ја зголемиме службата, и каков ќе биде резултатот од тоа?

4 На вашата следна Семејна вечер би можеле да разговарате како секој во семејството би можел да ја зголеми својата служба во периодот околу Спомен-свеченоста (Изр. 15:22). Молете го Јехова да ги благослови вашите напори (1. Јов. 3:22). Со тоа што ќе учествувате во службата во поголема мера не само што ќе му донесете поголема фалба на Јехова туку ќе бидете и порадосни (2. Кор. 9:6).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели