„Правете го ова“ — Спомен-свеченоста ќе се одржи на 5 април
1. Зошто е важно одбележувањето на Спомен-свеченоста?
1 „Правете го ова за мој спомен“ (Лука 22:19). Со овие зборови, Исус им заповедал на своите следбеници да ја одбележуваат неговата жртвена смрт. Ако се земе предвид што сѐ се постигнало со откупнината, за христијаните нема позначаен или поважен ден од годишното одбележување на Спомен-свеченоста. Бидејќи се приближува 5 април, како можеме да му ја покажеме нашата благодарност на Јехова? (Кол. 3:15).
2. Како ќе покажеме ценење за Спомен-свеченоста со материјалот што го проучуваме?
2 Подготви се: Обично се подготвуваме за настаните што ги сметаме за важни. Можеме да го подготвиме своето срце за Спомен-свеченоста така што како семејство ќе проучуваме и ќе размислуваме за настаните од последните денови од животот на Исус на Земјата (Езра 7:10). Список со некои стихови има во календарот и во брошурката Секојдневно истражување на Писмото, а поцелосен список заедно со соодветните поглавја од книгата Најголемиот човек има на страници 23-24 во изданието на Стражарска кула од 1 февруари 2011.
3. Како ќе покажеме ценење за Спомен-свеченоста со тоа што ќе одиме повеќе во служба?
3 Проповедај: Ценење ќе покажеме и со тоа што ќе проповедаме што е можно повеќе (Лука 6:45). Во сабота, 17 март, во целиот свет ќе започне акција во која ќе ги каниме луѓето на Спомен-свеченоста. Би можел ли да си го организираш времето така за да одиш повеќе во служба, можеби како помошен пионер? Тоа би можело да биде тема за вашата следна Семејна вечер.
4. Како ќе ни користи тоа што ќе присуствуваме на Спомен-свеченоста?
4 Тоа што секоја година присуствуваме на Спомен-свеченоста ни користи на многу начини. На пример, тогаш размислуваме колкава великодушност покажал Јехова давајќи го својот единороден Син како откупнина, а со тоа растат нашата радост и љубов кон Бог (Јован 3:16; 1. Јов. 4:9, 10). Ова нѐ тера да не живееме повеќе за себе (2. Кор. 5:14, 15). Освен тоа, во нас се разгорува желбата јавно да го фалиме Јехова (Пс. 102:19-21). Да, од голема благодарност кон Јехова, неговите слуги ја ценат можноста ‚да ја објавуваат смртта на Господарот‘ на Спомен-свеченоста на 5 април (1. Кор. 11:26).