ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/12 стр. 2
  • Еремија и Божјата порака за нас

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Еремија и Божјата порака за нас
  • Нашата служба за Царството 2012
  • Сличен материјал
  • „Ги ставам своите зборови во твојата уста“
    Еремија и Божјата порака за нас
  • „Не можам да молчам“
    Еремија и Божјата порака за нас
  • „Кажи им ги овие зборови“
    Еремија и Божјата порака за нас
  • „Ќе ја закрепнам изморената душа“
    Еремија и Божјата порака за нас
Повеќе
Нашата служба за Царството 2012
km 5/12 стр. 2

Еремија и Божјата порака за нас

1. Која публикација ја добивме на обласниот конгрес во 2010 год., и како ќе ја користиме?

1 Колку бевме радосни кога на Обласниот конгрес „Остани близок со Јехова“ во 2010 год. ја добивме оваа книга. Во неа се изнесени поуките од библиските книги Еремија и Плач Еремиин кои ни помагаат во животот (Рим. 15:4). Оваа книга наменета за Собраниското проучување на Библијата ќе почнеме да ја проучуваме во седмицата од 5 ноември 2012 год.

2. Зошто може да ни биде од помош тоа што ќе ги разгледаме библиските книги Еремија и Плач Еремиин?

2 Корисна за нашето време: Еремија, писателот на вдахновената библиска книга која го носи неговото име, пророкувал за време на еден немирен период во Јуда. Отпрвин сметал дека не е способен за таа задача (Ерем. 1:6). Освен тоа, го прогонувале познајниците, а можеби дури и неговите роднини во Анатот, градот каде што живеел (Ерем. 11:21, 22). Затоа е разбирливо што понекогаш Еремија бил потиштен (Ерем. 20:14). Додека го вршиме нашиот налог ‚да правиме ученици од луѓето од сите народи‘, често наидуваме на тешки ситуации и се чувствуваме слично како Еремија (Мат. 28:19). Тоа што ќе го разгледаме она што го запишал тој ќе ни помогне да ја вршиме нашата служба со увереност и ревност.

3. Како ќе користиме извесни обележја на книгата Еремија?

3 Обележја: Клучните стихови што треба да се прочитаат кога се проучува се напишани со коси букви. На крајот на делот за секоја седмица има едно или две важни прашања напишани со масни букви со кои се истакнуваат главните мисли од тој дел. Овие прашања треба да ги одговорат присутните. Низ целата книга има убави слики за кои сите во собранието може да коментираат.

4. Како ќе извлечеме потполна корист од проучувањето на книгата Еремија?

4 За да извлечеш потполна корист, подготвувај се однапред. Барај ги мислите што би можел да ги користиш во животот и во службата. Коментирај на состанокот. Со благослов од Јехова, Еремија ја извршил својата задача со радост и задоволство (Ерем. 15:16). Проучувањето на оваа нова публикација нека ни помогне и нам така да ја вршиме нашата служба.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели