Пет начини да почнеме библиска студија
1. Ако ни е тешко да почнеме библиска студија на нашето подрачје, што треба да правиме и зошто?
1 Дали ти е тешко да најдеш некој со кого би можел да почнеш да ја проучуваш Библијата? Не откажувај се. Јехова ги благословува оние што без престан се трудат да ја вршат неговата волја (Гал. 6:9). Еве пет предлози што можат да ти помогнат.
2. Како можеме да користиме директен пристап за да почнеме студија?
2 Директен пристап: Многумина знаат дека нудиме Стражарска кула и Разбудете се!, но можеби не знаат дека нудиме библиски студии. Зошто директно да не им понудиме кога одиме од куќа до куќа? Исто така, би можеле да ги прашаме заинтересираните лица што ги посетуваме дали сакаат да ја проучуваат Библијата. Ако одбијат, може и понатаму да им оставаме литература и да го одржуваме интересот. Еден брат со години ѝ оставал списанија на една брачна двојка. Откако им ги оставил најновите броеви од списанијата, тргнал да си оди но тогаш му текнало да ги праша: „Дали сакате да ја проучувате Библијата?“ Се изненадил кога му рекле дека сакаат. Сега и мажот и жената се крстени.
3. Дали треба да заклучиме дека сите што доаѓаат на состаноците веќе ја проучуваат Библијата? Објасни.
3 Лица што доаѓаат на состаноците: Немој да претпоставуваш дека само затоа што некој доаѓа на состаноците веќе ја проучува Библијата. Еден брат вели: „Повеќе од половина од моите библиски студии ги почнав така што им пристапив на оние што доаѓаа на состаноците“. Една сестра одлучила да ѝ пристапи на една срамежлива жена чии крстени ќерки биле во истото собрание. Жената присуствувала на состаноците веќе 15-ина години, но секогаш доаѓала веднаш штом ќе почнел состанокот и си заминувала веднаш штом ќе завршел. Жената се согласила да проучува и на крај станала Сведок. Сестрата напишала: „Многу ми е жал што чекав цели 15 години да ја прашам дали сака да проучува“.
4. Како тоа што ќе се распрашаш ќе ти помогне да започнеш студија?
4 Распрашај се: Една сестра се труди да оди со другите на нивните библиски студии. Со дозвола од сестрата што ја води студијата, таа ја прашува интересентката дали можеби познава некој друг што би сакал да ја проучува Библијата. Кога на некое заинтересирано лице што редовно го посетуваш ќе му ја понудиш книгата Што учи Библијата?, би можел да прашаш: „Знаеш ли некој друг што би сакал да ја има оваа книга?“ Понекогаш, околностите не им дозволуваат на објавителите и пионерите да водат студија со некој што го сретнале на подрачјето. Затоа, кажи им на другите дека си спремен да водиш библиска студија.
5. Зошто да ги прашаме брачните другари на објавителите дали би сакале да ја проучуваат Библијата?
5 Брачен другар што не е соверник: Дали во твоето собрание има објавители чиј сопружник не е Сведок? Некои од нив одбиваат да зборуваат со својот брачен другар кој е Сведок, но би прифатиле да проучуваат со некој друг што не е дел од семејството. Обично е најдобро најпрво да зборуваш со братот или сестрата за да знаеш како да му пристапиш.
6. Колку е важна молитвата кога се обидуваме да почнеме студија?
6 Молитва: Не ја потценувај моќта на молитвата (Јак. 5:16). Јехова ветува дека ќе ги слуша нашите барања кога тие се во склад со неговата волја (1. Јов. 5:14). Еден брат кој бил многу зафатен почнал да се моли за библиска студија. Жена му се плашела дека тој ќе нема време да води студија, особено ако интересентот има многу проблеми. Затоа своите грижи му ги кажала на Јехова кога му се молела нејзиниот маж да започне студија. Нивните молитви биле одговорени две седмици подоцна кога една сестра што е пионер нашла човек кој сакал да проучува и му ја препуштила студијата на братот. Жената напишала: „На сите што мислат дека ќе немаат време да водат студија им порачувам: бидете конкретни во молитвите и не престанувајте да се молите. Порадосни сме отколку што можев да си замислам“. Со истрајност, и ти ќе можеш да почнеш библиска студија и да ја доживееш радоста што произлегува кога некому ќе му помогнеш да појде по „патот што води во живот“ (Мат. 7:13, 14).