Предлози
Како да започнеме библиски студии првата сабота во јануари
„Би сакале да Ве прашаме нешто: Што мислите дали Бог има име? [Почекај да одговори.] Видете што вели тука.“ Потоа дај му на станарот една Стражарска кула од 1 јануари, покажи му ја последната страница и разгледајте го заедно текстот под првиот поднаслов и најмалку еден од наведените стихови. На крајот, понуди му ги двете списанија и договорете се кога да дојдеш пак за да го разгледате следното прашање.
Стражарска кула 1 јануари
„Во последно време многу се зборува за крајот на светот. Што мислите, треба ли да се плашиме од крајот на светот? [Почекај да одговори.] Според овие зборови, ќе има луѓе што ќе преживеат. [Прочитај 1. Јованово 2:17.] Во ова списание ќе го прочитате одговорот што го дава Библијата на четири често поставувани прашања во врска со крајот на светот.“
Разбудете се! Јануари
„Што мислите, дали е важно во семејството да се применуваат овие зборови на Исус? [Прочитај Дела 20:35б. Потоа почекај да одговори.] Во овој свет во кој се чини дека повеќето си мислат само за себе, не е лесно да ги поучиме децата да бидат несебични. Во оваа статија се дадени некои практични предлози што ќе им помогнат на родителите да ги воспитуваат своите деца да бидат обѕирни.“