Зошто е добро да имаш свое подрачје?
1. Што значи да имаш свое подрачје?
1 Што значи да имаш свое подрачје? Ако си во собрание коешто има големо подрачје, тоа значи дека и ти имаш подрачје на кое проповедаш, по можност близу до местото каде што живееш. На 103. страница во книгата Организирани пишува: „Тоа што ќе имаш свое подрачје во близина ќе ти помогне на најдобар начин да го искористиш времето што го одвојуваш за проповедничката служба. Исто така, можеш да се договориш да појдеш да проповедаш таму и со друг објавител“.
2. Како да се следи интересот на едно подрачје?
2 Како да се следи интересот на едно подрачје: Би можел да си земеш подрачје близу до местото каде што работиш, со што ќе можеш да проповедаш за време на паузата или пред да тргнеш накај дома, можеби со друг објавител што работи во близина. Или би можел да си земеш подрачје близу до дома, со што ќе можете како семејство да сведочите во вечерните часови. Се разбира, ако не одиш на состанокот за проповедање, пред да почнеш со службата добро е да му се помолиш на Јехова за водство (Фил. 4:6). Ако двајца сведочат заедно на едно подрачје, кој е одговорен да ги посетува заинтересираните? Обично тоа е објавителот кој зборувал со станарот, без разлика кој од нив го има подрачјето. Но, ако од некоја причина тој не може да го следи интересот, треба да го замоли оној што во моментот го има подрачјето да ги посетува тие лица.
3. Кои се позитивните страни на тоа да имаш свое сопствено подрачје?
3 Позитивни страни: Ако имаш свое подрачје, имаш каде да одиш во служба секојпат кога си слободен. Можеш подолго време да бидеш во служба и да трошиш помалку време на патување. Ова им овозможува на некои да служат како помошни или општи пионери. Со оглед на тоа што лицата што ќе покажат интерес живеат во истото соседство, полесно е да се прават повторни посети и да се водат библиски студии. Тоа што можат да проповедаат на свое сопствено подрачје, на мнозина им помага подобро да се запознаат со луѓето што живеат таму и да ја стекнат нивната доверба, особено ако можат да го обработат подрачјето повеќе од еднаш пред да го вратат за да може друг да го земе. Дали тоа што ќе имаш свое подрачје ќе ви помогне тебе и на твоето семејство потемелно да ја извршите својата служба? (2. Тим. 4:5).