ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/13 стр. 2
  • Кој ја врши Јеховината волја денес?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој ја врши Јеховината волја денес?
  • Нашата служба за Царството 2013
  • Сличен материјал
  • Како да ја користиме Добра вест од Бог!
    Нашата служба за Царството 2013
  • Како да ја користиме Кој ја врши Јеховината волја денес?
    Нашата служба за Царството 2013
  • Нова алатка за да им се помогне на луѓето да ги научат Божјите барања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Собраниската студија на книга ги унапредува образовните активности
    Нашата служба за Царството 1994
Повеќе
Нашата служба за Царството 2013
km 9/13 стр. 2

Кој ја врши Јеховината волја денес?

1. Кога ќе почнеме да ја разгледуваме брошурата Кој ја врши Јеховината волја денес?, и во што ќе ни помогне тоа?

1 Почнувајќи од седмицата од 28 октомври, на Собраниското проучување на Библијата ќе се разгледува брошурата Кој ја врши Јеховината волја денес? Целта на оваа нова брошура, која беше објавена на Обласниот конгрес „Чувај си го срцето“, е да им помогне на оние со кои ја проучуваме Библијата подобро да ја запознаат Јеховината организација. Разгледувањето на оваа брошура ќе ни помогне да имаме поголемо ценење за тоа што сме дел од Божјата организација, но ќе ни помогне и подобро да се запознаеме со оваа публикација која е многу корисна за службата (Пс. 48:13).

2. Како ќе се проучува брошурата во собранието?

2 Како ќе се проучува: Водителот треба да го распореди времето така што ќе може на секоја лекција да ѝ посвети исто време. Секоја од 28-те лекции треба да се воведе така што водителот ќе го прочита прашањето кое воедно е и наслов на лекцијата. Тогаш, братот што чита ќе го прочита воведниот пасус, а водителот ќе им постави прашање на присутните кое самиот го подготвил за пасусот. Потоа, секој дел кој започнува со реченица со масни букви треба посебно да се прочита и да се дискутира за него. Откако ќе се прочита делот, водителот ќе ги замоли присутните да коментираат како тој дел дава одговор на насловот на лекцијата. Во брошурата има и многу слики за кои може да се коментира. Ако има време, треба да се прочитаат клучните стихови. Пред да премине на следната лекција, водителот ќе ги постави прашањата најдолу на страницата. Треба да се прочита и рамката „Дознај повеќе“, а водителот потоа треба да праша како ќе му користи на интересентот тоа што ќе ги проба предлозите. Ако има време, на крајот од проучувањето може да ги користи насловите на лекциите како прашања за повторување. Треба да имаме на ум дека овој пристап не мора да го користиме кога проучуваме со интересентите.

3. Како можеме да извлечеме целосна корист од проучувањето на оваа брошура?

3 За да извлечеш целосна корист, дојди на состанок добро подготвен. Труди се да коментираш. За време на дискусијата, размислувај како материјалот може да им користи на интересентите. Проучувањето на оваа нова брошура ќе нѐ подготви да им помогнеме и на другите да ја вршат Божјата волја и да имаат надеж да живеат засекогаш (1. Јов. 2:17).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели