ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/13 стр. 1
  • Како да подготвиш делотворни воведи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да подготвиш делотворни воведи
  • Нашата служба за Царството 2013
  • Сличен материјал
  • Стани повешт во службата — подготви добар увод
    Нашата служба за Царството 2014
Нашата служба за Царството 2013
km 12/13 стр. 1

Како да подготвиш делотворни воведи

1. Зошто е важно да имаме добар вовед?

1 Исто како што едно вкусно предјадење може да го отвори апетитот за главното јадење, така еден делотворен вовед може да води до добар разговор на темел на Библијата. Добрите воведи не мора да бидат со иста должина или содржина, но како и вкусниот оброк, секогаш треба однапред да се осмислат и да се подготват (Изр. 15:28). Како можеме да смислиме делотворен вовед?

2. Како може да подготвиме вовед што ќе го заинтересира станарот?

2 Тема што ќе го интересира станарот: Ако нашиот вовед не го заинтересира станарот, тој може да го прекине разговорот. Затоа, кога се подготвуваме за служба, да размислуваме што ги интересира луѓето на нашето подрачје. Дали ги интересираат теми, како што се: добра влада, добри семејни односи или решение за војните? Бидејќи луѓето обично сакаат да си го кажат своето мислење, убаво би било да подготвиме прашање со кое ќе ги поттикнеме да го кажат своето гледиште. Би можел ли да искористиш некои од предлозите од Нашата служба за Царството и да ги приспособиш на твоето подрачје? Одвреме-навреме, на Семејната вечер би можеле да вежбате некои воведи.

3. Како можеме да го приспособиме воведот на културата и потеклото на луѓето од нашето подрачје?

3 Културата и потеклото на станарот: На некои места, луѓето очекуваат веднаш да кажеме зошто сме дошле кај нив. На други места, се смета за неучтиво оној што дошол кај некого најпрво да не праша како се домашните и да не каже нешто лично за себе. Некаде, пак, поради религијата на луѓето, уште на самиот почеток можеме слободно да ја спомнеме Библијата (Дела 2:14-17). Но, таму каде што луѓето не се христијани или не припаѓаат на ниту една религија, можеби би било подобро да не ја спомнеме Библијата во првиот разговор, туку на некоја повторна посета (Дела 17:22-31).

4. Зошто треба да обрнеме внимание на првите зборови од воведот?

4 Првите зборови од воведот: Внимателно размисли што ќе кажеш на почетокот. Обично, најдобро е да користиме кратки и едноставни реченици. Исто така, важно е и како ќе ги кажеме првите зборови. Зборувај со одушевеност. Искрено и срдечно насмевни се за да покажеш личен интерес кон станарот. Тоа што ќе ги применуваме овие предлози ќе ни помогне да подготвуваме воведи кои ќе им го отворат апетитот на луѓето за духовната храна од „трпезата на Јехова“ (1. Кор. 10:21).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели