Царството се објавува веќе еден век!
1. На што бил поттикнат Јеховиниот народ пред речиси еден век?
1 „Гледајте, Царот владее! Вие сте негови јавни застапници. Затоа, објавувајте, објавувајте, објавувајте го Царот и неговото Царство!“ Овие значајни зборови што ги кажал брат Ратерфорд пред речиси еден век го поттикнале Јеховиниот народ да ја пренесува пораката за Царството по целата Земја. Токму тоа го правиме и ние денес! Исто како првите христијани, ја проповедаме добрата вест за Царството „меѓу сите суштества под небото“ (Кол. 1:23). Што сѐ направивме во изминативе сто години за да го објавуваме Божјето Царство? Како може да продолжиме да го објавуваме додека се приближуваме кон 100-годишнината од неговото воспоставување?
2. Како нашите публикации го објавуваат Божјето Царство?
2 Поглед кон минатото: Веќе со децении, нашите публикации го објавуваат Божјето Царство. Почнувајќи од 1939 год., нашето главно списание го носи насловот: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство. Во ова списание често се зборува за Царството и за тоа што ќе се постигне преку него. Списанието Разбудете се! исто така го истакнува Божјето Царство како единствено решение за човечките проблеми. Затоа воопшто не сме изненадени што овие две списанија се најпреведувани и најраспространети списанија во светот! (Отк. 14:6).
3. Кои методи ги користиме за да го објавуваме Царството?
3 Јеховиниот народ користи најразлични методи за да го објавува Царството. Во минатото користевме коли со разглас, радиоемисии и преносни грамофони. Овие методи ни помогнаа да ја пренесеме добрата вест на голем број луѓе во време кога имало многу малку објавители на Царството (Пс. 19:4). Во последниве години, објавуваме информации на интернет-страницата jw.org преку кои милиони луѓе, вклучувајќи ги и оние што живеат во земји каде што делото е забрането, можат да ја дознаат пораката за Царството.
4. Во кои гранки од службата учествуваме?
4 Божјите слуги исто така учествуваат во различни гранки од службата за да ја шират пораката за Царството. На пример, од 1996 год., освен од куќа до куќа, бевме поттикнати во поголема мера да сведочиме во паркови, на паркиралишта и на деловни подрачја. Неодамна, организиравме една посебна програма за сведочење на прометни места во поголемите градови низ целиот свет. Освен тоа, многу собранија сведочат на јавни места на нивното локално подрачје со помош на колички и штандови кои се поставуваат на прометни места. Се разбира, сведочењето од куќа до куќа сѐ уште е главен начин на кој ја проповедаме добрата вест за Царството (Дела 20:20).
5. Какви можности ќе имаат многумина од нас во новата службена година?
5 Поглед кон иднината: Со почетокот на новата службена година во септември, многумина ќе започнат да служат како општи пионери. Можеш ли и ти да им се приклучиш? Ако не, можеш ли одвреме-навреме да служиш како помошен пионер? Без оглед дали околностите ти дозволуваат да бидеш пионер или не, Јехова сигурно ќе те благослови поради жртвите што ги правиш за да го објавуваш Царството во поголема мера (Мал. 3:10).
6. Зошто овој октомври ќе биде посебен месец?
6 Во октомври 2014 год. ќе се навршат 100 години од воспоставувањето на Царството. Затоа, тој месец главна тема на изданието на Стражарска кула за широка публика ќе биде Божјето Царство. Зошто да не дадеме сѐ од себе за ова списание да стигне до рацете на што е можно поголем број луѓе? Додека гледаме кон иднината, да продолжиме да им ја ‚објавуваме добрата вест за Божјето царство‘ на сите што се спремни да нѐ слушаат (Дела 8:12).