Предлози
За посебната акција за Спомен-свеченоста
„Оставаме кај сите покана за еден многу важен настан. На 3 април, милиони луѓе низ целиот свет ќе се соберат за да ја одбележат годишнината од смртта на Исус Христос. Ќе можат да слушнат и еден говор во кој се објаснува зошто неговата смрт е за наше добро. На поканата е наведено кога и каде ќе се одржи оваа свеченост. Влезот е бесплатен.“
Стражарска кула 1 март
„На 3 април ќе биде одбележана годишнината од смртта на Исус Христос. Мнозина ќе се соберат да го прослават тој настан, но има и луѓе кои сметаат дека смртта на Исус не е ништо значајно. Што мислите Вие, дали смртта и воскресението на Исус имаат значење за нас? [Почекај да одговори.] Видете што вели Библијата во врска со ова. [Прочитај 1. Коринќаните 15:22, 26.] Ова списание зборува дека, благодарение на откупната жртва на Исус, ќе дојде време кога луѓето повеќе нема да умираат.“
Разбудете се! Март
„Сакам да Ви го покажам најновиот број на Разбудете се! [Покажи ја насловната страница.] Секој си има мислење во врска со тоа дали постои Бог. Според Вас, кој гледа попозитивно на иднината — оние што веруваат во Бог или оние што не веруваат? [Почекај да одговори.] Еве едно ветување од Бог кое им дава надеж на многу луѓе. [Прочитај Псалм 37:10, 11.] Во ова списание се разгледани четири причини зошто да испитаме дали постои Бог.“