ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/15 стр. 2
  • Како да ги користиме аудиоснимките

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да ги користиме аудиоснимките
  • Нашата служба за Царството 2015
  • Сличен материјал
  • Дали ја користиш Библијата во аудиоформат?
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Дали некогаш си се прашал?
    Разбудете се! 2019
  • Нашата официјална веб-страница — користи ја за да му помогнеш на некој што зборува друг јазик
    Нашата служба за Царството 2012
  • Помош во време на глад
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
Повеќе
Нашата служба за Царството 2015
km 11/15 стр. 2

Како да ги користиме аудиоснимките

1. Освен публикации во пишана форма, што друго корисно имаме на нашата интернет-страница?

1 Многу луѓе со задоволство ја користат jw.org за да ги читаат пријатните и точни зборови на вистината (Проп. 12:10). Но, на нашата страница има и аудиоснимки кои ни овозможуваат да слушаме голем дел од информациите. Како може да ни користат аудиоснимките?

2. Како можеме да ги користиме аудиоснимките за лично или семејно проучување?

2 За лично или семејно проучување: Со тоа што ќе слушаме аудиоснимки од Библијата, списанијата или публикациите додека патуваме или додека ги извршуваме секојдневните обврски, подобро ќе го искористиме времето (Еф. 5:15, 16). Нашата Семејна вечер посветена на Јехова може да ја збогатиме така што ќе слушаме читање на некој материјал додека следиме во нашиот примерок од таа публикација. Тоа што ќе користиме аудиоснимки за време на личното проучување е особено корисно ако сакаме да си го подобриме читањето или ако учиме јазик.

3. На кои луѓе на нашето подрачје може да им користат аудиоснимките?

3 Во службата: На нашето подрачје среќаваме луѓе кои велат дека се премногу зафатени за да читаат, но можеби ќе бидат спремни да ги слушаат аудиоснимките. Освен тоа, може да сретнеме и некој што зборува друг јазик и ќе биде поспремен да ја слуша пораката за Царството на „својот јазик“ (Дела 2:6-8). На некои места, слушањето е важен дел од културата. На пример, луѓето од народот Хмонг усно им ја пренесуваат својата историја на помладите генерации и памтат многу од она што ќе го чујат. Во многу африкански култури луѓето уживаат да учат преку слушање приказни.

4. Кои прашања би можеле да си ги поставиме за да им помогнеме на луѓето на нашето подрачје?

4 Да размислуваме за луѓето на нашето подрачје. Дали има некој на кого можеме да му пуштиме снимка на неговиот јазик? Дали има некој на кого можеме да му пратиме аудиоснимка преку имејл? Дали би можеле да преземеме аудиопубликација и да ја ставиме на CD за да му ја дадеме на некое заинтересирано лице, можеби заедно со печатената публикација? Секоја целосна книга, брошура, списание или трактат во електронски формат што ќе ги дадеме во служба може да ги вклучиме во извештајот за служба. Аудиоснимките се наменети да ги користиме за лично проучување, но и за да го сееме семето на вистината за Царството (1. Кор. 3:6).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели