ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp20 Бр. 3 стр. 4-5
  • Нашиот Творец нѐ сака и се грижи за нас

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нашиот Творец нѐ сака и се грижи за нас
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • 1. НАШИОТ ТВОРЕЦ ДАВА СОНЦЕТО ДА ИЗГРЕВА
  • 2. НАШИОТ ТВОРЕЦ ДАВА ДА ПАЃА ДОЖД
  • 3. НАШИОТ ТВОРЕЦ СЕ ГРИЖИ ДА ИМАМЕ ХРАНА И ОБЛЕКА
  • Биди благодарен за дождот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Што ти е на прво место — Божјето Царство или материјалните работи?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Твојот Творец — научи каков е тој
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Оној што ги направил сите работи
    Учи од Големиот Учител
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
wp20 Бр. 3 стр. 4-5
Изгрејсонце над планина.

Нашиот Творец нѐ сака и се грижи за нас

1. НАШИОТ ТВОРЕЦ ДАВА СОНЦЕТО ДА ИЗГРЕВА

Можеш ли да си го замислиш животот на Земјата без сончева светлина? Сонцето обезбедува енергија за да можат дрвјата да пуштаат лисја и цветови и да даваат плодови и семе. Исто така, благодарение на сончевата светлина дрвјата можат преку своите корења да ја црпат водата од почвата и да ја носат до лисјата, а потоа да ја испуштаат во воздухот во вид на водена пареа.

Поглед кон планинска плантажа богата со чај.

2. НАШИОТ ТВОРЕЦ ДАВА ДА ПАЃА ДОЖД

Дождот е скапоцен дар од Бог и благодарение на него Земјата може да произведува храна за луѓето. Бог дава дожд од небото и обилен род, и со тоа ја задоволува нашата потреба за храна и го полни нашето срце со радост.

Една птица на гранка се обидува да дофати еден плод што паѓа.

3. НАШИОТ ТВОРЕЦ СЕ ГРИЖИ ДА ИМАМЕ ХРАНА И ОБЛЕКА

Многу татковци се загрижени за тоа дали ќе успеат да обезбедат доволно храна и облека за своето семејство. Забележи што пишува во Светото писмо: „Погледнете ги птиците небесни, бидејќи тие ниту сеат, ниту жнеат, ниту во амбари собираат, а сепак вашиот небесен Татко ги храни. Зарем вие не вредите повеќе од нив?“ (Матеј 6:25, 26).

„Гледајте ги полските кринови како растат... но ви велам дека ни [цар] Соломон, во сета своја слава, не беше облечен како еден од нив. А ако Бог така го облекува полското билје... нема ли многу повеќе да ве облече вас?“ (Матеј 6:28-30).

Штом може да ни обезбеди храна и облека, нема сомнеж дека Бог може да се погрижи да ги имаме и сите други работи кои ни се неопходни за живот. Ако ни е најважно да ја вршиме Божјата волја, Бог може да го благослови трудот што го вложуваме за да произведеме храна или може да ни помогне да најдеме вработување за да имаме доволно средства да го купиме она што ни е потребно (Матеј 6:32, 33).

Навистина, кога размислуваме за сонцето, дождот, птиците и цвеќињата, сфаќаме дека имаме силни причини да го сакаме Бог. Во следната статија ќе видиме како нашиот Творец отсекогаш комуницирал со луѓето.

Нашиот Творец „дава неговото сонце да изгрева... и да паѓа дожд“ (МАТЕЈ 5:45).

Нашиот Творец многу нѐ сака и се грижи за нас. Како еден татко полн со љубов, тој се грижи за своето семејство. Во Светото писмо, Бог е опишан како великодушен Дарител кој знае што ни е потребно уште пред да побараме нешто од него (Матеј 6:8).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели