ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | МАТЕЈ 14-15
Преку неколкумина, Исус храни мнозина
Кратко пред Пасхата во 32 год. од н.е., Исус го направил единственото чудо што е запишано во сите четири евангелија.
Она што Исус го направил со ова чудо, го прави и денес.
Исус им рекол на учениците да нахранат едно големо мноштво иако тие имале само пет леба и две риби
Исус ги зел лебот и рибите и, откако се помолил, им ги подал на своите ученици кои потоа им ги поделиле на луѓето
Ова било вистинско чудо бидејќи имало повеќе од доволно храна за секого. Исус нахранил илјадници преку рацете на неколкумина — своите ученици
Исус прорекол дека во последните денови тој ќе им дава на своите слуги духовна храна во вистинско време (Мт 24:45)
Во 1919 год. Исус поставил „верен и разборит роб“ — мала група помазани христијани кои им даваат духовна храна на неговите слуги
Преку оваа мала група помазани христијани, Исус и денес го прави истото што го правел во првиот век
На кои начини можам да покажам ценење за верниот роб кого Исус го поставил да дели духовна храна?