ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb18 Февруари стр. 7
  • Стани повешт во службата — вешто користи прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Стани повешт во службата — вешто користи прашања
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
  • Сличен материјал
  • Делотворно користење прашања
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Потполно изврши ја својата служба како проповедник
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Користење прашања
    Посвети се на читањето и поучувањето
  • Поучувај со увид и убедливост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
mwb18 Февруари стр. 7

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Стани повешт во службата — вешто користи прашања

ЗОШТО Е ВАЖНО: Ако размислувањата на човековото срце се како длабока вода, тогаш прашањата се како кофа со чија помош ќе ги извадиш (Из 20:5). Преку прашањата, го вклучуваме во разговор оној што нѐ слуша и откриваме како размислува. Исус секогаш поставувал прашања кои биле на место. Како може да го следиме неговиот пример?

Исус му поставува прашање на еден свој ученик

КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:

  • Користи прашања преку кои ќе го дознаеш гледиштето на оној со кого разговараш. Во една прилика, Исус им поставил неколку прашања на учениците за да види како гледаат на една работа (Мт 16:13-16; be стр. 238, пас. 4-6). Кои прашања би ги употребил ти за да го дознаеш гледиштето на соговорникот?

  • Користи прашања кои водат до одговорот. Кога сакал да го исправи Петар за една работа, Исус му поставил неколку прашања, а му понудил и можни одговори за да му помогне да дојде до исправниот заклучок (Мт 17:24-26). Кои прашања би ги употребил за да помогнеш некому да дојде до исправен заклучок?

  • Пофалувај го твојот соговорник. Исус пофалил еден книжник кој дал добар одговор на едно прашање (Мр 12:34). Како можеш да пофалиш некој што одговорил на твоето прашање?

Биди обѕирен. Многу е важно да бидеме обѕирни кон другите, особено кон некој постар човек, непознат или некој што има авторитет во општеството (1Пе 2:17).

ГЛЕДАЈТЕ ГО ПРВИОТ ДЕЛ ОД КЛИПОТ ИЗВРШУВАЈ ГО ДЕЛОТО ШТО ГО ВРШЕЛ ИСУС — ПОУЧУВАЈ, А ПОТОА ДИСКУТИРАЈТЕ ЗА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Иако објавителот пренесе точни информации, зошто ова е пример за лошо поучување?

  • Зошто не е доволно само да ги објасниме информациите?

ГЛЕДАЈТЕ ГО ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ОВОЈ КЛИП, А ПОТОА ДИСКУТИРАЈТЕ ЗА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Како објавителот вешто користеше прашања?

  • Што друго можеме да научиме во врска со поучувањето од него?

Еден човек е збунет бидејќи е лошо поучуван; еден човек ги разбира работите бидејќи е добро поучен

Како нашиот начин на поучување може да се одрази врз другите? (Лк 24:32)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели