ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ДЕЛА 27-28
Павле отпатувал за Рим
Иако бил затвореник, Павле не престанал да проповеда. Додека бил на бродот, тој им сведочел на морнарите и на другите патници. Откако доживеал бродолом во близина на Малта, без сомнение ја искористил можноста да им ја пренесе добрата вест на оние што ги излекувал. Само три дена откако пристигнал во Рим, Павле ги повикал водечките Евреи за да им сведочи. А за време на двете години додека бил во куќен притвор, тој им проповедал на сите што го посетувале.
Што би можел да направиш за да ја проповедаш добрата вест иако можеби имаш некакви ограничувања?