ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb19 Август стр. 5
  • Млади — ревносно правете добри дела

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Млади — ревносно правете добри дела
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2019)
  • Сличен материјал
  • Благословите од пионерската служба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Слави го Јехова така што ќе служиш како пионер
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
  • Промена во барањето на часови за пионерите
    Нашата служба за Царството 1999
  • Благословите од пионерската служба
    Нашата служба за Царството 2003
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2019)
mwb19 Август стр. 5

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Млади — ревносно правете добри дела

Во своето писмо до Тит, апостол Павле ги поттикнал помладите мажи, вклучувајќи го и Тит, да се трудат во секој поглед да бидат „пример во вршењето на добри дела“ (Тит 2:6, 7). Во истото поглавје, тој напишал дека Јеховиниот народ е исчистен за да може ревносно да прави добри дела (Тит 2:14). Во таквите дела спаѓа и проповедањето и поучувањето за Божјето Царство. Ако си млада личност, можеш ли да ја користиш својата сила за да служиш како помошен или општ пионер? (Из 20:29).

Ако имаш цел да станеш пионер, направи си добар план кој ќе ти помогне да успееш во тоа (Лк 14:28-30). На пример, размисли за следниве прашања: „Како ќе се издржувам додека служам полновремено? Како ќе ја исполнувам предвидената квота часови?“ Освен тоа, моли го Јехова за помош (Пс 37:5). Разговарај за твоите планови со твоите родители и со некои поискусни пионери. Потоа преземи практични чекори за да ја постигнеш својата цел. Јехова сигурно ќе го благослови трудот што ревносно го вложуваш во службата за него!

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ МЛАДИ КОИ ГО СЛАВАТ ЈЕХОВА, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Какви предизвици имале некои млади што сакале да бидат пионери, и како ги надминале?

  • Како можат родителите да им помогнат на децата да станат општи пионери?

  • Зошто е важно да си направиш распоред за служба?

  • Како можат објавителите во собранието да ги охрабруваат и да им помагаат на пионерите?

  • Какви благослови имаат пионерите?

Една млада сестра зборува со својот татко за пионерската служба; еден млад брат кој е пионер си прави распоред за служба; една млада сестра која е пионер оди во служба со друга сестра; една млада сестра која е пионер води библиски курс

Како можам да си ја остварам целта да служам како пионер?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели