ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ОТКРОВЕНИЕ 17-19
Војна со која Бог ќе им стави крај на сите војни
Зошто Јехова, „Богот на љубовта и на мирот“, го овластил својот Син, Кнезот на Мирот, да води војна? (2Ко 13:11; Иса 9:6)
Јехова и Исус ја сакаат праведноста, а ја мразат злобата.
Траен мир и правда ќе има само кога злобните ќе бидат истребени.
Божјата небесна војска „праведно... војува“, како што укажуваат белите коњи и финиот лен кој е бел и чист.
Што треба да правиме ако сакаме да бидеме спасени во оваа важна војна? (Сф 2:3)