ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb22 Мај стр. 11
  • Држи ги под контрола твоите желби

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Држи ги под контрола твоите желби
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2022)
  • Сличен материјал
  • Што треба да знам за пушењето и користењето електронски цигари?
    Младите прашуваат
  • Што треба да знам за пушењето?
    Разбудете се! 2011
  • Што мисли Бог за пушењето?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Како да им одолеете на грешните желби?
    Разбудете се! 2004
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2022)
mwb22 Мај стр. 11

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Држи ги под контрола твоите желби

Бидејќи сме несовршени, мора постојано да водиме борба за да ги држиме нашите желби под контрола. Ако им се препуштиме на нашите желби, би можеле да ја изгубиме Јеховината наклоност. Природно е да сакаме да имаме храна, облека и покрив над главата. Но, некои ги сакаат овие работи повеќе отколку Бог. Други, ги задоволуваат своите сексуални желби на начин кој не е во склад со Божјите мерила (Ри 1:26, 27). А некои, пак, попуштаат на притисокот од околината и прават погрешни работи за да им се допаднат на другите и да бидат прифатени (2Мо 23:2).

Како може да ги држиме под контрола нашите желби? Мора да даваме сѐ од себе да бидеме зафатени со духовни активности (Мт 4:4). Исто така, треба да го молиме Јехова да ни помогне да ги контролираме нашите желби. Зошто? Затоа што тој знае што е најдобро за нас и може да ги задоволи нашите исправни желби (Пс 145:16).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ПУШЕЊЕТО ДА ТИ ГО СКРАТИ ЖИВОТОТ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Сцена од видеоклипот „Не дозволувај пушењето да ти го скрати животот“. На производствена лента масовно се претвораат кукли во пушачи.

    Зошто некои луѓе пушат?

  • Сцена од видеоклипот „Не дозволувај пушењето да ти го скрати животот“. Белодробно крило на пушач силно кашла.

    Какви последици носи пушењето?

  • Сцена од видеоклипот „Не дозволувај пушењето да ти го скрати животот“. Еден бизнисмен со преувеличена големина кој ставил електронска цигара на јадица се обидува да намами една девојка.

    Зошто е погрешно пушењето, како и користењето електронски цигари и наргиле? (2Ко 7:1).

  • Сцена од видеоклипот „Не дозволувај пушењето да ти го скрати животот“. Една девојка стои на покривот на една зграда додека времето е сончево и гледа во небото.

    Ти можеш да кажеш „не“ на пушењето!

    Како можеш да се спротивставиш на притисокот да пушиш и како можеш да прекинеш со оваа навика?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели