ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb23 Јануари стр. 11
  • Труди се да дознаеш што мисли Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Труди се да дознаеш што мисли Јехова
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Сличен материјал
  • Одлуки од кои се гледа дека се потпираме на Јехова
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Радувај го Јехова со своите одлуки
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Читај ја Библијата секој ден и трагај по мудрост
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Родители — поучувајте ги своите деца да го радуваат Јехова
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
mwb23 Јануари стр. 11
Слика на темел на видеоклипот „’Со истрајност да ја трчаме трката‘ — храни се здраво“. Рената ја користи брошурата „Пет важни прашања за потеклото на животот“ за да истражува.

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Труди се да дознаеш што мисли Јехова

Ние сакаме да го радуваме Јехова со сѐ што правиме (Из 27:11). За таа цел, треба да носиме одлуки кои се во склад со неговиот начин на размислување дури и кога нема јасна заповед за нешто. Што може да ни помогне да го правиме тоа?

Редовно проучувај ја Библијата. Секогаш кога ја читаме Библијата, тоа е како да поминуваме време со Јехова. Можеме да учиме како размислува Јехова така што ќе читаме и ќе размислуваме за начинот на кој постапувал со своите слуги и така што ќе проучуваме за оние што правеле добри или лоши работи во негови очи. Кога треба да донесеме некоја одлука, светиот дух може да нѐ потсети на некои важни поуки и начела кои сме ги дознале од Божјата Реч (Јвн 14:26).

Истражувај. Кога стоиш пред некоја одлука, прашај се: „Кои стихови или извештаи од Библијата можат да ми помогнат да разберам како Јехова гледа на оваа работа?“ Моли го Јехова за помош и користи ги алатките за истражување од нашата организација кои се достапни на твојот јазик за да најдеш библиски начела кои се однесуваат на твојата ситуација и да ги примениш (Пс 25:4).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ „СО ИСТРАЈНОСТ ДА ЈА ТРЧАМЕ ТРКАТА“ — ХРАНИ СЕ ЗДРАВО, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Со какви притисоци се соочи сестрата од видеоклипот?

  • Како тоа што ќе истражуваш во нашите публикации може да ти помогне да се справиш со слични притисоци?

  • Како ни користи тоа што одвојуваме време да истражуваме и да проучуваме за да носиме добри одлуки? (Ев 5:13, 14).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели