ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb23 Септември стр. 7
  • Пастири кои се грижат за доброто на Јеховиниот народ

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Пастири кои се грижат за доброто на Јеховиниот народ
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Сличен материјал
  • Побарај помош од старешините
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Како старешините им покажуваат љубов и милост на оние што направиле грев
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Браќа — дали имате цел да служите како старешини?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Одлуки од кои се гледа дека се потпираме на Јехова
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
mwb23 Септември стр. 7

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Пастири кои се грижат за доброто на Јеховиниот народ

Многу луѓе имаат негативен став кон оние што имаат некаков авторитет. Не е тешко да сфатиме зошто. Низ историјата постојано имало луѓе што го злоупотребувале својот авторитет за лична корист (Мх 7:3). Многу сме благодарни што старешините во собранието се поучени да го користат својот авторитет за доброто на Јеховиниот народ (Ес 10:3; Мт 20:25, 26).

За разлика од оние што имаат некаков авторитет во светот, старешините ја извршуваат својата задача како надгледници од љубов кон Јехова и кон неговите слуги (Јвн 21:16; 1Пе 5:1-3). Под водството на Исус, овие пастири му помагаат на секој објавител да се чувствува како дел од Јеховиното семејство и да остане близок со Јехова. Тие спремно им пружаат духовна помош на Јеховините овчички и спремно им помагаат кога имаат потреба од некоја итна медицинска интервенција или кога ќе се случи некоја катастрофа. Ако ти е потребна некаква помош, преземи иницијатива и зборувај со некој старешина од твоето собрание (Јк 5:14).

Сцена од видеоклипот „Пастири кои се грижат за стадото“. Еден старешина радосно го прегрнува Илијас додека меѓусебно се поздравуваат.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПАСТИРИ КОИ СЕ ГРИЖАТ ЗА СТАДОТО, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Како на Маријана ѝ користеше помошта што ѝ ја пружија старешините?

  • Како на Илијас му користеше помошта што му ја пружија старешините?

  • Како овие искуства влијаат врз твоето гледиште за она што го прават старешините?

Преземи иницијатива да зборуваш со некој старешина...

  • ако ти се променат контакт-информациите

  • ако се соочуваш со некоја тешкотија

  • ако планираш да бидеш отсутен подолг временски период

  • ако ти треба лекарска помош за некој посериозен здравствен проблем или ако треба да лежиш во болница

  • ако си направил сериозен грев

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели