ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w20 Ноември стр. 8-11
  • Богати благослови за оние што се враќаат во својата земја

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Богати благослови за оние што се враќаат во својата земја
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „ВИСТИНСКОТО МЕСТО ЗА ’РИБАРЕЊЕ‘“
  • РАДОСТА ШТО ЈА НОСАТ НОВИТЕ УЧЕНИЦИ
  • ЈЕХОВА ИМ ДАВА ПОДДРШКА
  • РАДОСТ КОГА НЕКОЈ ЌЕ МУ СЕ ЗАВЕТУВА НА ЈЕХОВА
  • „ГО НАПРАВИВМЕ ТОКМУ ТОА ШТО ТРЕБАШЕ“
  • „Научив многу од другите“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Исполнет живот во службата за Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • По експлозијата во една хемиска фабрика
    Разбудете се! 2003
  • Тие се ставиле на располагање
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
w20 Ноември стр. 8-11
Онисим и Жералдин му проповедаат на еден продавач.

Онисим и Жералдин

Богати благослови за оние што се враќаат во својата земја

ГОЛЕМ број браќа и сестри кои од економски причини се преселиле во побогатите западни земји, решиле да се вратат во својата земја. Поттикнати од љубов кон Бог и кон луѓето, тие се вратиле онаму каде што има поголема потреба од објавители (Мат. 22:37-39). Какви жртви направиле, и како Јехова ги благословил? Да видиме што се случило во Камерун, во западна Африка.

„ВИСТИНСКОТО МЕСТО ЗА ’РИБАРЕЊЕ‘“

Во 1998 год., еден брат по име Онисим се преселил од родниот Камерун во друга земја, и останал таму 14 години. Еднаш, во текот на еден собраниски состанок, слушнал споредба за проповедањето. Говорникот рекол: „Ако двајца пријатели ловат риба на различни места, и едниот фати повеќе риби од другиот, зарем тој што фатил помалку нема да отиде онаму каде што може да улови повеќе?“

Оваа споредба го поттикнала Онисим да размислува да се врати во Камерун каде што многу луѓе сакале да ја проучуваат Библијата. Така ќе можел да им помогне на тамошните браќа. Но, се плашел дали ќе може повторно да се навикне на животот во Камерун откако толку долго време живеел во странство. За да види дали ќе успее во тоа, се вратил на шест месеци. А потоа, во 2012 год., решил да остане таму.

Онисим вели: „Морав да се приспособам на жешкото време и на овдешните услови за живот. Во салата за состаноци, морав пак да се навикнам да седам на дрвени клупи“. „Но, како што се концентрирав на програмата“, со насмевка вели тој, „удобните столчиња почнаа полека да ми избледуваат од сеќавањето“.

Во 2013 год., Онисим се оженил со Жералдин, која се вратила во Камерун откако девет години живеела во Франција. Какви благослови добиле затоа што одлучиле да ги стават духовните работи на прво место во животот? Онисим вели: „Заедно бевме на Школата за полновремени објавители и служевме во Бетел. Во последнава година, во нашето собрание се крстија 20 лица. Уверен сум дека го најдов вистинското место за ’рибарење‘“ (Мар. 1:17, 18). Жералдин додава: „Добив многу повеќе благослови отколку што можев да си замислам!“

РАДОСТА ШТО ЈА НОСАТ НОВИТЕ УЧЕНИЦИ

Џудит и Сем-Кастел му проповедаат на еден човек на плажа.

Џудит и Сем-Кастел

Џудит се преселила во САД, но сакала да прави повеќе во службата за Јехова. Таа вели: „Секогаш кога одев кај семејството во Камерун и се враќав назад, плачев затоа што морав да ги оставам неколкуте лица со кои имав почнато да ја проучувам Библијата“. Но, Џудит се колебала да се врати во својата земја. Таа имала добро платена работа со која можела да ги покрие медицинските трошоци за татко ѝ кој живеел во Камерун. Со доверба во Јехова, Џудит сепак одлучила да се врати таму. Таа признава дека во почетокот ѝ недостигале некои удобности кои ги имала додека живеела во САД. Го молела Јехова да ѝ помогне да се приспособи на новите околности, и ја добила потребната помош, меѓу другото и преку охрабрувањето што ѝ го дале покраинскиот надгледник и неговата жена.

Во врска со тој период, Џудит вели: „Во првите три години имав прилика да им помогнам на четири лица да се крстат“. Таа почнала да служи како специјален пионер. Денес служи заедно со својот сопруг, Сем-Кастел, во покраинското дело. Но, што се случило со татко ѝ? Таа и нејзиното семејство успеале да најдат болница во друга земја која била спремна бесплатно да го оперира. За среќа, операцијата била успешна.

ЈЕХОВА ИМ ДАВА ПОДДРШКА

Виктор и Керолин му проповедаат на еден човек во парк.

Керолин и Виктор

Еден брат по име Виктор се преселил во Канада. Откако во Стражарска кула прочитал статија за високото образование, тој бил поттикнат да размисли за своето школување. Решил да го остави факултетот и да заврши курс за некој занает. Виктор вели: „Така успеав побрзо да најдам работа и да почнам со пионерска служба, нешто што отсекогаш го сакав“. Подоцна тој се оженил со Керолин, и заедно го посетиле Камерун. Додека биле на обиколка на тамошната поддружница, некои браќа ги поттикнале да размислат да служат во Камерун. Виктор вели: „Немавме никаква причина да одбиеме и, бидејќи веќе водевме едноставен живот, можевме да ја прифатиме поканата“. Иако Керолин имала некои здравствени проблеми, тие сепак решиле да се преселат.

Виктор и Керолин почнале да служат како општи пионери бидејќи имало голем интерес на подрачјето. Извесно време можеле да живеат од својата заштеда. Потоа работеле неколку месеци во Канада за да можат повторно да се вратат во Камерун и да продолжат со пионерската служба. Какви благослови добиле? Тие присуствувале на Школата за полновремени објавители, служеле како специјални пионери и сега се слуги за изградба. Виктор вели: „Бидејќи го оставивме удобниот живот, од прва рака ја почувствувавме Јеховината грижа“.

РАДОСТ КОГА НЕКОЈ ЌЕ МУ СЕ ЗАВЕТУВА НА ЈЕХОВА

Стефани и Ален стојат покрај колички за сведочење и ѝ проповедаат на една жена.

Стефани и Ален

Во 2002 год., Ален, кој студирал на факултет во Германија, го прочитал трактатот Млади — што ќе правите со својот живот? Информациите го поттикнале да си постави нови цели. Во 2006 год., присуствувал на Школата за организациско оспособување и бил доделен да служи во Камерун, каде што бил роден.

Во Камерун нашол работа со скратено работно време. Подоцна му била понудена подобро платена работа, но се плашел дека, ако ја прифати, нема да има многу време да проповеда. Затоа, кога бил замолен да служи како специјален пионер, прифатил без колебање. Неговиот работодавач му понудил повисока плата, но Ален си стоел цврсто на одлуката. Подоцна се оженил со Стефани, која со години живеела во Франција. Со какви тешкотии се соочила таа откако се преселиле во Камерун?

Стефани вели: „Ми се појавија некои помали здравствени проблеми и алергии, но со помош на редовни терапии состојбата ми се подобри“. Истрајноста на овој брачен пар била наградена. Ален вели: „Кога проповедавме во едно зафрлено село, најдовме неколку лица кои сакаа да ја проучуваат Библијата. Подоцна продолживме да проучуваме со нив преку телефон. Двајца од нив се крстија, и беше основана група“. Стефани додава: „Ништо не носи поголема радост од тоа да им помагаш на луѓето да му се заветуваат на Јехова. Откако служиме овде, многу пати ја почувствувавме таа радост“. Денес, Ален и Стефани служат во покраинското дело.

Зошто е добро да се служи во својата земја

„Добро ги знаеме менталитетот и  културата на луѓето. Тие не се сомневаат во нас бидејќи не сме странци, и можеме полесно да комуницираме со нив“ (Ален).

„Можеме полесно да се движиме и да одиме на места каде што не би можеле да одат странци“ (Стефани).

„ГО НАПРАВИВМЕ ТОКМУ ТОА ШТО ТРЕБАШЕ“

Леонс и Жизел ѝ проповедаат на една жена на мост.

Леонс и Жизел

Жизел се крстила додека била на медицински факултет во Италија. Таа била воодушевена од едноставниот живот кој го водел брачниот пар што проучувал со неа, и сакала да прави повеќе во службата. Затоа, додека привршувала со школувањето, почнала да служи како општ пионер.

Иако сакала да се врати во Камерун за да му служи на Јехова во поголема мера, Жизел била загрижена за некои работи. Таа вели: „Морав да се откажам од постојаниот престој во Италија, и да се разделам од пријателите и семејството кои останаа таму“. И покрај тоа, во мај 2016 год., Жизел се преселила во Камерун. Нешто подоцна, откако се омажила за Леонс, подружницата во Камерун им препорачала да се преселат во Ајос, град во кој имало голема потреба од објавители.

Каков бил животот таму? Жизел вели: „Се случуваше цели седмици да нема струја, и поради тоа не можевме да ги полниме мобилните телефони. Тие не работеа поголемиот дел од времето. Научив да готвам на дрва, а ноќе одевме со колички и батериски ламби за да нацрпиме вода бидејќи тогаш имаше помалку гужва на изворот“. Како се справиле со ваквите околности? Жизел вели: „Истрајавме со помош на Јеховиниот дух, со поддршката што си ја дававме меѓусебно, како и со охрабрувањето и повремената финансиска помош од семејството и пријателите“.

Дали Жизел е среќна затоа што се вратила во својата земја? Таа вели: „Да, апсолутно! Во почетокот имавме проблеми и се чувствувавме обесхрабрено, но штом помина тоа, јас и маж ми се уверивме дека го направивме токму тоа што требаше. Имаме доверба во Јехова и се чувствуваме поблиски со него“. Леонс и Жизел присуствувале на Школата за полновремени објавители, и сега служат како привремени специјални пионери.

Исто како рибарите кои храбро се справуваат со разни тешкотии за да фатат риба, оние што се враќаат во својата земја спремно прават жртви за да им помагаат на искрените лица кои ја прифаќаат библиската порака. Јехова во никој случај нема да ги заборави овие трудољубиви објавители и љубовта што ја покажуваат кон неговото име (Неем. 5:19; Евр. 6:10). Доколку живееш во друга земја, а има потреба од објавители во твојата земја, ќе можеш ли да се вратиш? Ако го направиш тоа, те очекуваат огромни благослови! (Изр. 10:22).

Како успеале тие?

Ако размислуваш да се вратиш во својата земја, забележи што им помогнало на браќата и сестрите спомнати во оваа статија.

  • Што би можел да очекуваш?

    „Биди спремен да наидеш на притисоци и обесхрабрување од некои добронамерни членови на семејството и пријатели. Потпри се на Јехова“ (Ален).

  • Како можеш да се подготвиш?

    „Мислам дека никогаш во животот не сум се молела толку многу“ (Жизел).

    „Штедев за да не зависам финансиски од некој друг“ (Жералдин).

    „Бев на систематски преглед за да ја проверам мојата здравствена состојба“ (Стефани).

  • Како би можел да се издржувам?

    „Во почетокот ја трошев заштедата. Потоа почнав да предавам во средно училиште, а подоцна научив како да правам и да продавам сапуни“ (Жералдин).

    „Заработувавме дополнително така што правевме млечни бомбони и ги доставувавме во некои продавници“ (Жизел).

    „Преведував документи преку интернет“ (Онисим).

  • Како да бидеш безбеден?

    „Се преселив во безбеден дом во чија близина живееја браќа и сестри“ (Жералдин).

    „Никогаш не одам сама во служба“ (Жизел).

    „Ноќе не излегувам сама. Освен тоа, не носам со себе вредни работи“ (Стефани).

    „Не раскажував наоколу дека сум дојдена од странство, и гледав да се вклопам така што ги правев работите што ги прават сите други“ (Џудит).

  • Што ќе ти помогне да останеш среќен?

    „Научивме да бидеме приспособливи. Постојано имавме на ум зошто дојдовме и се концентриравме на позитивното“ (Виктор).

    „Научив да бидам задоволен со она што го имам“ (Ален).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели