ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp21 Бр. 1 стр. 5-7
  • Дали Бог ги слуша нашите молитви?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Бог ги слуша нашите молитви?
  • Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • БОГ СЛУША.
  • БОГ САКА ДА МУ СЕ МОЛИМЕ
  • БОГ СЕ ГРИЖИ ЗА НАС.
  • „ЉУБОВ СЕ БУДИ ВО МЕНЕ, ЗАШТО ЈЕХОВА ГО СЛУША МОЈОТ ГЛАС“
  • Зближи се со Бог преку молитва
    Што навистина учи Библијата?
  • Вовед
    Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
  • Молитвата може да ти помогне да се зближиш со Бог
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Приближување на Бог во молитва
    Што бара Бог од нас?
Повеќе
Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
wp21 Бр. 1 стр. 5-7
Една насмеана млада жена.

„Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“ (Јаков 4:8)

Дали Бог ги слуша нашите молитви?

Си се прашал ли некогаш дали Бог те слуша кога му се молиш? Ако да, не си единствениот. Многумина го молеле Бог за некој проблем, а сепак проблемот не исчезнал. Дали тоа значи дека Бог не обрнува внимание на нашите молитви? Не. Библијата нѐ уверува дека тој нѐ слуша кога му се молиме на исправен начин. Да видиме што вели таа.

БОГ СЛУША.

„Ти си тој што ги слуша молитвите, кај тебе доаѓа секој човек“ (Псалм 65:2).

Некои велат дека се молат затоа што така се чувствуваат подобро, иако не се уверени дека некој ги слуша. Но, молитвата не е само терапевтско средство кое ни помага да се избориме со проблемите. Библијата нѐ уверува дека „Јеховаa е близу до сите што го повикуваат, до сите што го повикуваат во вистина... ќе го чуе нивниот повик“ (Псалм 145:18, 19).

Затоа може да бидеме уверени дека Јехова Бог ги слуша молитвите на оние што му служат. Тој ни вели: „Вие ќе ме повикувате, ќе доаѓате кај мене и ќе ми се молите, а јас ќе ве слушам“ (Еремија 29:12).

БОГ САКА ДА МУ СЕ МОЛИМЕ

Еден татко седи до својата ќеркичка која си игра со некои играчки.

„Истрајте во молитвата“ (Римјаните 12:12).

Во Библијата го пишува следново: „Молете се непрестајно“. Уште ни е даден и поттик да упатуваме „сесрдна молба во секоја пригода“. Одовде јасно гледаме дека Јехова Бог сака да му се молиме (1. Солуњаните 5:17; Ефешаните 6:18).

Зошто Бог сака да му се молиме? Размисли: кој родител не би сакал неговото детенце да му рече: „Тато, ќе ми помогнеш?“ Секако, еден татко можеби веќе знае како се чувствува неговото дете или што му е потребно. Но кога тоа ќе го чуе од негова уста, му покажува дека детето има доверба во него и дека го чувствува близок. Слично на тоа, кога му се молиме на Јехова Бог, му покажуваме дека имаме доверба во него и дека сакаме да бидеме блиски со него (Изреки 15:8; Јаков 4:8).

БОГ СЕ ГРИЖИ ЗА НАС.

Еден вознемирен бизнисмен седи на скалите пред една зграда. До него има кутија со лични канцелариски предмети.

„Сите свои грижи фрлете ги на него, зашто тој се грижи за вас“ (1. Петрово 5:7).

Бог нѐ поттикнува да му се молиме затоа што нѐ сака и се грижи за нас. Тој многу добро ги знае нашите грижи и стравови и сака да ни помогне.

Цар Давид постојано го молел Јехова Бог за помош и му ги кажувал своите мисли и чувства (Псалм 23:1-6). Како гледал Бог на Давид? Го сакал и ги слушал неговите молитви (Дела 13:22). Од истата таа причина Бог ги слуша и нашите молитви — затоа што се грижи за нас.

„ЉУБОВ СЕ БУДИ ВО МЕНЕ, ЗАШТО ЈЕХОВА ГО СЛУША МОЈОТ ГЛАС“

Овие зборови ги кажал писателот на еден псалм што е запишан во Библијата. Тој бил уверен дека Бог ги слуша неговите молитви и ова имало силно влијание врз него. Се чувствувал поблизок со Бог и имал сила да ги издржи проблемите и болките во животот (Псалм 116:1-9).

Кога сме уверени дека Бог ги слуша нашите молитви, ќе продолжиме да му се молиме. Размисли што му се случило на Педро кој живее во северна Шпанија. Неговиот 19-годишен син го изгубил животот во сообраќајна несреќа. Скршен од болка, Педро во молитва му кажал на Бог сѐ што му лежело на срце, и постојано го молел за утеха и помош. Кој бил резултатот? „Јехова ми одговори на молитвите така што преку сохристијаните мене и на мојата сопруга ни ги пружи потребната утеха и помош“, вели Педро.

Еден ожалостен човек држи слика, а некои негови пријатели го тешат.

Бог честопати ни одговара на молитвите преку помошта и утехата од нашите пријатели кои нѐ сакаат

Молитвите не го вратиле син му, но многу му помогнале на Педро и на неговото семејство. Неговата сопруга, Марија Кармен, вели: „Молитвите ми помогнаа да се носам со тагата. Знаев дека Јехова Бог ме разбира бидејќи, кога се молев, чувствував внатрешен мир и спокој“.

Библијата и искуствата на многу луѓе јасно покажуваат дека Бог навистина ги слуша молитвите. Но, од друга страна, јасно е и дека Бог не одговара на сите молитви. Зошто Бог одговара на некои молитви, а на други не?

a Јехова е името на Бог (Псалм 83:18).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели