ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp21 Бр. 2 стр. 7-9
  • Кога ќе дојде крајот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога ќе дојде крајот?
  • Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ДА РАЗГЛЕДАМЕ ДВЕ ИЗЈАВИ НА ИСУС ВО ВРСКА СО КРАЈОТ:
  • ЗНАКОТ ДЕКА КРАЈОТ Е БЛИЗУ
  • „ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ“
  • НАСКОРО ЗЕМЈАТА ЌЕ СТАНЕ РАЈ!
  • Одговор на четири прашања за крајот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Дали живееме во „последните денови“?
    Што навистина учи Библијата?
  • Божјата намера наскоро ќе се оствари
    Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
  • Од каде знаеме дека живееме во „последните денови“?
    Дали Бог се грижи за нас?
Повеќе
Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
wp21 Бр. 2 стр. 7-9
Исус им го објаснува на своите ученици знакот на последните денови.

Кога ќе дојде крајот?

Од претходната статија дознавме дека крајот на светот кој е спомнат во Библијата не се однесува на крајот на планетата или на човечкиот род. Наместо тоа, крајот за кој зборува Библијата се однесува на крајот на сегашниот расипан свет и на сите оние што го поддржуваат. Но, дали во Библијата пишува кога ќе му дојде крајот на овој злобен свет?

ДА РАЗГЛЕДАМЕ ДВЕ ИЗЈАВИ НА ИСУС ВО ВРСКА СО КРАЈОТ:

„Бдејте, зашто не го знаете ниту денот ниту часот“ (МАТЕЈ 25:13).

„Внимавајте, бидете будни, бидејќи не знаете кога е времето да се случи тоа“ (МАРКО 13:33).

Бог го одредил денот и часот кога ќе дојде крајот на овој свет (Матеј 24:36). Сепак, никој од луѓето не знае кога точно ќе се случи тоа. Дали ова значи дека воопшто не можеме да знаеме дека крајот се приближил? Не. Исус им кажал на своите ученици да обрнат внимание на одредени настани кои ќе покажуваат дека крајот е многу близу.

ЗНАКОТ ДЕКА КРАЈОТ Е БЛИЗУ

Тие настани ќе бидат знакот на „свршетокот на овој поредок“. Исус рекол: „Ќе се крене народ против народ и царство против царство, и ќе има глад и земјотреси на разни места“ (Матеј 24:3, 7). Тој исто така рекол дека ќе има смртоносни зарази, односно епидемии (Лука 21:11). Дали ги гледаш настаните кои ги прорекол Исус?

Денес луѓето страдаат поради војни, глад, земјотреси и разни болести. На пример, во 2004 год., еден силен земјотрес во Индискиот Океан предизвика цунами кое однесе 225.000 човечки животи. За три години, поради пандемијата со КОВИД-19 починаа околу 6,9 милиони луѓе во целиот свет. Исус рекол дека ваквите настани ќе бидат знак дека крајот на овој свет е близу.

„ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ“

Во Библијата, периодот пред крајот е наречен „последните денови“ (2. Петрово 3:3, 4). Според 2. Тимотеј 3:1-5, моралните вредности на луѓето во последните денови ќе бидат на многу ниско ниво. (Види ја рамката „Пред самиот крај на светот“.) Дали гледаш луѓе кои се себични, алчни, сурови и не покажуваат љубов едни кон други? И ова е еден од доказите дека живееме пред самиот крај на светот.

Колку долго ќе траат последните денови? Според Библијата, само „кратко време“. Потоа Бог ќе ги уништи „оние што ја уништуваат Земјата“ (Откровение 11:15-18; 12:12).

Војни

Војници пукаат во битка.
  • Од 2007 до 2017 год., бројот на загинати поради вооружени судири и тероризам пораснал за 118 отсто

Болести

Еден болен човек лежи во болнички кревет.
  • Некои од најсмртоносните болести се: срцеви заболувања, мозочен удар, белодробни заболувања, нарушувања кај новороденчиња, цревни зарази кои предизвикуваат дијареа, рак, туберкулоза

Глад

Гладно девојче држи чинија.
  • Во текот на 2021 год., гладувал речиси секој десетти човек на планетата, а речиси секое трето дете помало од 5 години било неисхрането и поради тоа имало пречки во развојот

Проповедање низ целиот свет

Јеховини сведоци стојат покрај количка за сведочење и разговараат со еден човек.
  • Повеќе од 8,6 милиони Јеховини сведоци проповедаат во 240 земји, а библиски публикации издаваат на преку 1.000 јазици

НАСКОРО ЗЕМЈАТА ЌЕ СТАНЕ РАЈ!

Бог веќе одредил ден и час кога ќе му стави крај на овој сегашен злобен свет (Матеј 24:36). Но, има уште една добра вест — Бог „не сака никој да биде уништен“ (2. Петрово 3:9). Тој им дава можност на луѓето да дознаат која е неговата волја и да му бидат послушни. Тој сака да го преживееме крајот на овој свет и да живееме во новиот свет кога Земјата ќе биде рај.

Бог се погрижил низ целиот свет да се спроведува една образовна програма преку која луѓето можат да научат како да станат дел од новиот свет со кој ќе владее Божјето Царство. Исус рекол дека добрата вест за Божјето Царство ќе се проповеда „по целиот свет“ (Матеј 24:14). Низ целиот свет, Јеховините сведоци минуваат милијарди часови проповедајќи ја добрата вест и поучувајќи ги луѓето за Бог. Исус рекол дека ова проповедничко дело ќе се извршува низ целата Земја пред да дојде крајот.

На човечкото владеење му се избројани деновите. Но добрата вест е дека ти можеш да го преживееш крајот на светот и да живееш во рајот на Земјата кој го ветил Бог. Во следната статија ќе дознаеш што треба да правиш за да живееш во новиот свет.

ПРЕД САМИОТ КРАЈ НА СВЕТОТ

„Во последните денови ќе настанат особено тешки времиња. Зашто, луѓето ќе бидат себељубиви, алчни за пари, вообразени, надуени, хулители, непослушни на родителите, неблагодарни, нелојални, бесчувствителни кон другите, неспремни за каков и да било договор, клеветници, без самосовладување, сурови, без љубов кон добротата, предавници, своеглави, горди, повеќе ќе ги сакаат уживањата отколку Бог, и на изглед ќе бидат богобојазливи, но нема да живеат богобојазливо“ (2. ТИМОТЕЈ 3:1-5).

Пророштвото на Исус во врска со последните денови ни дава надеж

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели