ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w22 Јули стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Сличен материјал
  • Вистината не носи „мир, туку меч“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Како да бидеш среќен во религиозно разделен дом
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Дали е Бог на прво место во твоето семејство?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Како да ги придобиеме?
    Нашата служба за Царството 2010
Повеќе
The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
w22 Јули стр. 31

Прашања од читателите

Што сакал да каже Исус со следниве зборови: „Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир“?

Исус објавувал мирољубива порака. Сепак, во една прилика тој им рекол на своите апостоли: „Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата. Не дојдов да донесам мир, туку меч. Зашто, дојдов да раздвојам човек од неговиот татко, и ќерка од нејзината мајка, и снаа од нејзината свекрва“ (Мат. 10:34, 35). Што сакал Исус да каже со овие зборови?

Исус не сакал да ги раздели членовите на семејствата едни од други, но бил свесен дека неговите учења ќе создадат поделби во некои семејства. Затоа, оние што сакаат да станат ученици на Исус и да се крстат треба да бидат свесни дека нивната одлука можеби нема да им се допадне на членовите на нивното семејство. Доколку се соочат со противење од сопружникот или од другите во семејството, може да им биде тешко да останат послушни на Христовите учења.

Библијата ги поттикнува христијаните да бидат „во мир со сите луѓе“ (Рим. 12:18). Но во некои семејства учењата на Исус можат да станат како „меч“. Ова се случува кога еден член од семејството ќе ги прифати тие учења, а другите ќе ги отфрлат или ќе им се противат. Во таков случај, роднините, односно домашните, му стануваат непријатели на оној што учи за вистината (Мат. 10:36).

Една девојка со самодоверба си заминува од пред мајка ѝ, која ја моли да не оди. Девојката ја држи книгата „Радувај му се на животот засекогаш“.

Христовите ученици кои живеат во семејство во кое другите не се Сведоци понекогаш се соочуваат со ситуации кои ја ставаат на испит нивната љубов кон Јехова и кон Исус. На пример, роднините можеби ги тераат да слават религиозни празници. Во таква ситуација, тие треба да одлучат кому ќе му угодат. Исус рекол: „Кој го сака својот татко или својата мајка повеќе отколку мене, не е достоен за мене“ (Мат. 10:37). Се разбира, Исус не сакал да каже дека, за да бидат достојни за него, неговите следбеници треба помалку да ги сакаат родителите отколку што ги сакале порано. Наместо тоа, тој сакал да ги поучи како да одредат кои се најважните работи во животот. Ако членовите на семејството се противат на нашата желба да му служиме на Јехова, ние и понатаму ќе ги сакаме, но свесни сме дека љубовта кон Бог треба да ни биде на прво место.

Нема сомнеж дека противењето од семејството може да причини голема болка. Меѓутоа, учениците на Исус мора да ги имаат на ум неговите зборови: „Кој не го прифаќа својот маченички столб и не оди по мене, не е достоен за мене“ (Мат. 10:38). Со други зборови, христијаните гледаат на противењето од семејството како дел од страдањата кои Христовите ученици спремно ги поднесуваат. Во исто време, тие се надеваат дека со своето добро однесување ќе ги поттикнат членовите на семејството кои не се Сведоци да го сменат својот став и да сакаат да слушаат за пораката од Библијата (1. Пет. 3:1, 2).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели