ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp23 Бр. 1 стр. 12-13
  • 4 | Библијата дава практични совети

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 4 | Библијата дава практични совети
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2023
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што значи ова
  • Како ова може да помогне
  • Како помагаат практичните совети од Библијата
  • Менталното здравје на удар
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2023
  • Што треба да знаеш за менталните нарушувања
    Разбудете се! 2014
  • 3 | Како може да ни помогнат примерите од Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2023
  • Надеж за болните
    Разбудете се! 2004
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2023
wp23 Бр. 1 стр. 12-13
Една жена вози велосипед и е радосна.

4 | Библијата дава практични совети

БИБЛИЈАТА ВЕЛИ: „Целото Писмо е... корисно“ (2. ТИМОТЕЈ 3:16).

Што значи ова

Иако не е медицински прирачник, Библијата дава практични и корисни совети. Тие совети можат да им помогнат на оние што се борат со проблеми поврзани со менталното здравје. Да разгледаме некои примери.

Како ова може да помогне

„На здравите не им треба лекар, туку на болните“ (МАТЕЈ 9:12).

Библијата потврдува дека можеби ќе треба да побараме лекарска помош. На многумина кои страдаат од некое ментално нарушување им помогнало тоа што дознале точни информации за својата болест и тоа што побарале соодветна стручна помош.

„Од телесните вежби, има одредена полза“ (1. ТИМОТЕЈ 4:8, Радосна Вест).

Тоа што ќе вложиш време и труд за да стекнеш здрави навики може да ти помогне да си го подобриш менталното здравје. Во тоа е вклучено да вежбаш редовно, да се храниш здраво и доволно да спиеш.

„Веселото срце дејствува добро како лек, а скршениот дух ги суши коските“ (ИЗРЕКИ 17:22).

Тоа што ќе читаш охрабрувачки библиски стихови и ќе си поставуваш разумни и достижни цели, може да ти помогне да бидеш среќен. Ако имаш позитивен став и се надеваш дека работите во иднина ќе се подобрат, тоа ќе ти помогне да останеш емоционално стабилен додека се справуваш со тешкотиите поврзани со твоето ментално здравје.

„Мудроста е кај скромните“ (ИЗРЕКИ 11:2).

Можеби ќе сфатиш дека не можеш самиот да правиш сѐ што сакаш. Затоа, спремно прифаќај помош од другите. Пријателите и членовите на семејството веројатно сакаат да ти помогнат, но можеби не знаат како. Кажи им што особено би ти било од помош. Имај разумни очекувања од нив и секогаш биди благодарен за помошта што ти ја даваат.

Како помагаат практичните совети од Библијата

„Имав чувство дека нешто не е во ред со мене и затоа отидов на лекар. Лекарот ми воспостави дијагноза. Тоа ми помогна подобро да ја разберам мојата ситуација и да дознаам какви можности ми стојат на располагање за подобро да се грижам за моето здравје“ (Никол,a која страда од биполарно нарушување).

Една жена разговара со лекар.

„Сфатив дека тоа што редовно ја читам Библијата со жена ми ми помага секој ден да го започнам со позитивни и изградувачки мисли. Честопати, во деновите кога ми е тешко, некој конкретен стих ќе ме утеши“ (Питер, кој страда од депресија).

„Не ми беше лесно да им кажам на другите со што се борам затоа што многу се срамев. Една сочувствителна пријателка внимателно ме сослуша и се обиде да разбере како се чувствувам. Таа навистина ми помогна да се чувствувам подобро и да знам дека не морам сама да се борам со ова“ (Џи-ју, која страда од нарушување во исхраната).

„Библијата ми помага да бидам урамнотежен и разумен кога станува збор за работата и за одморот. Нејзината мудрост ми помага да се справам со емоционалните проблеми со кои постојано се борам“ (Тимоти, кој страда од опсесивно-компулсивно нарушување).

a Некои имиња се сменети.

Поучната анимација „Победи ја тагата“.
За повеќе совети:

На jw.org, гледај ја поучната анимација Победи ја тагата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели