ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w24 Јуни стр. 19
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Сличен материјал
  • Ревносно служи му на Јехова, вистинскиот Бог
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2016)
  • „Кротките ќе ја поседуваат Земјата“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2018
  • Тој „не е далеку од никого од нас“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Дали Јехова има чувства?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
w24 Јуни стр. 19

Прашања од читателите

Дали зборовите „ти, Јехова, ќе ги чуваш“, кои се запишани во Псалм 12:7, се однесуваат на „страдалниците“ (стих 5) или на „зборовите на Јехова“ (стих 6)?

Од контекстот се гледа дека овој стих се однесува на луѓе.

Во Псалм 12:1-4 пишува: „Меѓу синовите човечки ги снема оние што се верни“. Сега да ги разгледаме стиховите од Псалм 12:5-7, кои се вклучени во прашањето.

„’Злите ги ограбуваат страдалниците,

воздивнуваат сиромасите —

затоа сега ќе станам‘, вели Јехова.

’Ќе ги избавам од оние што ги презираат.‘

Зборовите на Јехова се чисти зборови,

како сребро пречистено во топилничка печка во земја, седумпати очистено.

Ти, Јехова, ќе ги чуваш,

секого од нив довека ќе го заштитуваш од ова поколение.“

Стих 5 покажува што ќе направи Бог за страдалниците. Тој ќе ги избави.

Понатаму, во стих 6 пишува дека „зборовите на Јехова се чисти зборови, како сребро пречистено“. Токму вакво мислење имаат и вистинските христијани за Божјата Реч (Пс. 18:30; 119:140).

Сега да го разгледаме следниот стих, Псалм 12:7: „Ти, Јехова, ќе ги чуваш, секого од нив довека ќе го заштитуваш од ова поколение“. На што се однесува изразот „ќе ги чуваш“?

Бидејќи во стих 6 се спомнати „зборовите на Јехова“, некои можеби ќе заклучат дека изразот „ќе ги чуваш“ од стих 7 се однесува на Божјите зборови. Ние знаеме дека Бог ја заштитил Библијата и покрај многуте обиди на противниците да ја забранат и да ја уништат (Иса. 40:8; 1. Пет. 1:25).

Но, и она што е запишано во стих 5 е исто така точно. Јехова им помагал на страдалниците и ќе продолжи да им помага и да ги избавува (Јов 36:15; Пс. 6:4; 31:1, 2; 54:7; 145:20).

Тогаш, на што се однесува изразот „ќе ги чуваш“ од стих 7?

Ако подетално го разгледаме овој псалм, ќе ни стане уште појасно дека изразот „ќе ги чуваш“ во овој стих се однесува на луѓе.

Во Псалм 12:1, 2, Давид кажува дека луѓето станале многу неверни и нечесни, и дека тоа им донело многу страдање нему и на други. Потоа, читаме дека Јехова ќе преземе нешто против оние што зборуваат лоши работи. Овој псалм нѐ уверува дека можеме да имаме доверба дека Бог ќе дејствува во корист на својот народ бидејќи неговите зборови се чисти.

Значи, стих 7 вели дека Јехова ќе ги чува и ќе ги заштити оние кои страдаат поради злите луѓе.

Во хебрејскиот масоретски текст, во овој стих се користи збор кој се однесува на луѓе. Во грчката Септуагинта, во стих 7 двапати се користи изразот „нас“ кој се однесува на верните кои страдаат и се угнетувани. Освен тоа, во стих 7 пишува дека Јехова ќе го заштити „секого од нив“, односно секого од верните. Тие ќе бидат заштитени „од ова поколение“, односно од луѓето кои ја величаат злобата (Пс. 12:7, 8). Во еден превод на Хебрејските списи на арамејски јазик, првиот дел од стих 7 гласи: „Ти, О ГОСПОДАРУ, ќе ги заштитиш праведните, ќе ги чуваш од ова злобно поколение засекогаш“. Ова е уште еден доказ дека Псалм 12:7 не се однесува на Божјите зборови.

Значи, овој стих им дава надеж на верните дека Бог ќе дејствува за да ги заштити.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели