ИДЕИ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ
Верните слуги на Јехова си ги исполнуваат заветите
Прочитај Судиите 11:30-40 за да дознаеш од извештајот за Јефтај и за неговата ќерка колку е важно да си ги исполнуваме заветите.
Дознај повеќе од контекстот. Како верните Израелци гледале на заветите што му ги давале на Јехова? (4. Мој. 30:2). Како Јефтај и неговата ќерка покажале дека имаат вера во Јехова? (Суд. 11:9-11, 19-24, 36).
Истражувај ги деталите. Што веројатно имал Јефтај на ум кога го дал својот завет? (w16.04 7, пас. 12). Какви жртви направиле Јефтај и неговата ќерка за да го исполнат заветот? (w16.04 7-8, пас. 14-16). Какви завети може да дадат христијаните денес? (w17.04 5-8, пас. 10-19).
Размисли кои се поуките. Прашај се:
„Што ќе ми помогне да си го одржам заветот што му го дадов на Јехова дека ќе му служам засекогаш?“ (w20.03 13, пас. 20)
„Какви жртви би можел да направам за да му служам на Јехова во уште поголема мера?“
„Што ќе ми помогне секогаш верно да се држам за заветот што сум му го дал на мојот брачен другар?“ (Мат. 19:5, 6; Еф. 5:28-33)