Вовед
Копнееш ли по свет без војни и насилни конфликти? За повеќето луѓе тоа е премногу добро за да биде вистинито. Библијата ни открива зошто луѓето не успеваат да стават крај на војните. А објаснува и зошто можеме да бидеме сигурни дека е можно да се постигне мир во светот и дека тоа наскоро ќе биде реалност.
Во ова списание, изразите „војна“ и „конфликт“ се однесуваат на борба помеѓу вооружени групи за да се постигне некоја политичка цел. Имињата на некои лица кои се цитирани се сменети.