Се сеќаваш ли?
Дали внимателно ги читаше броевите од Стражарска кула од оваа година? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:
Што нѐ поттикнува да му оддаваме слава на Јехова?
Го славиме Јехова бидејќи длабоко го почитуваме и многу го сакаме. Го правиме тоа и бидејќи сакаме другите да го запознаат (w25.01, стр. 3).
Ако некој нѐ повреди, што ќе ни помогне да простуваме во уште поголема мера?
Ние не ги игнорираме нашите чувства. Наместо тоа, се ослободуваме од чувствата на лутина и гнев, и така не дозволуваме огорченоста да влијае врз начинот на кој се однесуваме со другите (w25.02, стр. 15-16).
Зошто Марко е добар пример за младите браќа?
Марко спремно им служел на другите. Тој веројатно бил повреден и разочаран поради една ситуација, но не се откажал. Марко продолжил да соработува и да гради блиско пријателство со Павле и со други зрели христијани (w25.04, стр. 27).
Што сакал да каже Исус кога во молитва рекол: „Им го објавив твоето име“? (Јован 17:26).
Неговите ученици веќе го знаеле Божјето име. Но Исус им помогнал подобро да го запознаат Јехова. Во тоа се вклучени намерата на Јехова со Земјата и човештвото, она што тој го направил, она што ќе го направи, како и неговите особини (w25.05, стр. 20-21).
Што ќе признаеме ако сме скромни?
Признаваме дека не знаеме некои работи. На пример, не знаеме кога ќе дојде крајот и што ќе направи Јехова тогаш за да ни помогне. Не знаеме ни што ќе се случи утре, ниту пак колку добро Јехова нѐ познава (w25.06, стр. 14-18).
Што може да ни помогне да извлечеме корист од некоја статија или од некое јавно предавање?
Можеме да се прашаме: „Кои докази се користат за лицата да се уверат во оваа библиска вистина? Има ли некоја делотворна споредба што би можел да ја користам кога поучувам? Кого би го интересирала оваа тема?“ (w25.07, стр. 19).
Што можеме да научиме за тоа како Бог простува од начинот на кој постапил со Давид?
Давид направил тешки гревови, но кога искрено се покајал, Јехова му простил (1. Цар. 9:4, 5). Кога ќе прости некому, Бог нема повторно да го обвини или да го казни за грешките што ги направил во минатото (w25.08, стр. 17).
Што можеш да правиш ако на некој интересент му е тешко да разбере и да прифати некое учење?
Ако сѐ уште му е тешко да разбере и да прифати некое учење откако си се обидел добро да го поучиш за тоа од Библијата, не се задржувај премногу, туку врати се на таа тема подоцна (w25.09, стр. 24).
Библијата зборува за „измамливоста на гревот“ (Евр. 3:13). Во која смисла?
Гревот нѐ става на искушение да постапуваме погрешно. Освен тоа, тој може да нѐ наведе постојано да имаме некакви сомнежи, како на пример дали Бог навистина нѐ сака (w25.10, стр. 16).
Кои три работи можат да ни помогнат нашите лични молитви да бидат подлабоки?
1) Можеме да размислуваме за Јеховините особини. 2) Можеме да размислиме со што се соочуваме во моментот и да го спомнеме тоа во молитва, како на пример потребата да простиме некому. 3) Можеме да си одвоиме доволно време за молитва. На тој начин, поголема е веројатноста да му ги кажеме на Јехова најдлабоките мисли и чувства (w25.10, стр. 19-20).
Како можеме да им помогнеме на постарите?
Можеме да ги посетуваме и да им се јавуваме. Исто така, можеме да ги придружуваме кога одат на лекарски прегледи. Освен тоа, можеме на разни начини да соработуваме со нив во службата на проповедање (w25.11, стр. 6-7).
Кои се клучни обележја на една христијанска венчавка што му носи слава на Јехова?
Почитувајте ги законските барања. Погрижете се атмосферата на венчавката и на свадбената прослава да ги одразува особините кои се плод на светиот дух. Покажете скромност со облеката и изгледот, и внимавајте да не вклучите небиблиски обичаи. Додека ја планирате венчавката, погрижете се да имате добра комуникација (w25.12, стр. 21-24).