ИДЕИ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ
Зајакни си ја довербата дека Јехова има моќ да спаси
Прочитај 4. Мојсеева 13:25 — 14:4 за да видиш како Израелците пропуштиле да покажат вера во Јехова.
Дознај повеќе од контекстот. Зошто Израелците требало да имаат доверба дека Јехова може да ги спаси? (Пс. 78:12-16, 43-53). Што водело до тоа да ја изгубат довербата во Јехова? (5. Мој. 1:26-28). Како Исус Навин и Халев покажале дека имаат доверба во Јехова? (4. Мој. 14:6-9).
Истражувај ги деталите. Што можеле да направат Израелците за да имаат поголема доверба во Јехова? (Пс. 9:10; 22:4; 78:11). Како довербата во Јехова е поврзана со почитта кон него? (4. Мој. 14:11).
Размисли кои се поуките. Прашај се:
„Во кои ситуации би можело да ми биде тешко да покажам дека имам потполна доверба во Јехова?“
„Што може да правам за да имам уште поголема доверба во Јехова сега и во иднина?“
„Во што може да бидам потполно уверен како што се приближува големата неволја?“ (Лука 21:25-28).