ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwhf статија 34
  • Дали треба да живееме заедно пред да се венчаме?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали треба да живееме заедно пред да се венчаме?
  • Совети за семејствата
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата?
  • Дали тоа што ќе живеете заедно ќе ве подготви за брак?
  • Дали тоа што ќе живеете заедно ќе ви помогне во финансиски поглед?
  • Дали тоа што ќе живеете заедно ќе ви помогне да не стапите во брак со погрешна личност?
  • Дали има подобра опција?
  • Дали е во ред еден пар да живее заедно пред брак?
    Разбудете се! 2009
  • Што вели Библијата за заедничкиот живот пред брак?
    Одговор на библиски прашања
  • По венчавката
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Подготовка за успешен брак
    Тајната на семејната среќа
Повеќе
Совети за семејствата
ijwhf статија 34
Еден маж и една жена внесуваат кутии со лични работи во нивната куќа.

СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | БРАК

Дали треба да живееме заедно пред да се венчаме?

Многу парови живеат заедно пред да стапат во брак. Некои го прават тоа за да видат дали си одговараат и бидејќи се надеваат дека тоа ќе им ги зголеми шансите да имаат успешен брак. Дали е мудро двајца кои се во врска да живеат заедно пред да стапат во брак?

Во оваа статија:

  • Што вели Библијата?

  • Дали тоа што ќе живеете заедно ќе ве подготви за брак?

  • Дали тоа што ќе живеете заедно ќе ви помогне во финансиски поглед?

  • Дали тоа што ќе живеете заедно ќе ви помогне да не стапите во брак со погрешна личност?

  • Дали има подобра опција?

Што вели Библијата?

  • Библијата осудува секс надвор од бракот. На пример, во неа пишува: „Да се воздржувате од блуд“ (1. Солуњаните 4:3; 1. Коринќаните 6:18). Во ова се вклучени сексуални односи помеѓу еден маж и една жена кои живеат заедно дури и ако имаат намера да стапат во брак подоцна.a Библиските мерила им помагаат на паровите да се заштитат од вонбрачна бременост и од други негативни последици кои произлегуваат од заедничкото живеење пред брак.

  • Брачната заедница ја основал Бог. Кога го склопил првиот брак, тој рекол: „Човек ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до својата жена, и тие двајцата ќе станат едно тело“ (1. Мојсеева 2:24). Кога еден маж и една жена ќе си дадат брачен завет, поголема е веројатноста дека меѓу нив ќе има љубов и дека нивното семејство ќе биде стабилно.

Дали тоа што ќе живеете заедно ќе ве подготви за брак?

Некои велат да. Тие сметаат дека, на двајца што се во врска, тоа што ќе живеат заедно ќе им овозможи да стекнат вредно искуство додека заедно ги извршуваат домашните обврски и го набљудуваат меѓусебното однесување. Но, заветот е неопходен за еден среќен брак.

Како можат двајца што планираат да стапат во брак да научат да останат заедно и во добро и во лошо? Не со тоа што ќе влезат во „пробен период“ пред бракот, во кој и двајцата партнери ќе гледаат на врската како на нешто на кое можат да му стават крај во секое време. Наместо тоа, една врска е успешна кога и двајцата партнери се цврсто решени да бидат верни еден на друг и кога заедно се трудат да ги решаваат проблемите.

Заклучок: Наместо да се подготват за брак, оние кои избираат да живеат заедно невенчано, всушност можеби се подготвуваат за разделба.

Библиско начело: „Човек што ќе си посее, тоа и ќе си пожнее“ (Галатите 6:7).

Дали тоа што ќе живеете заедно ќе ви помогне во финансиски поглед?

Некои велат да. Според едно истражување направено во САД, околу четворица од десет возрасни луѓе кои почнале да живеат заедно го направиле тоа од финансиски причини (Pew Research Center). Сепак, откако некое време живееле заедно, многу од оние кои учествувале во истражувањето рекле дека финансиските проблеми сѐ уште се главна причина поради која не се спремни да стапат во брак.

Заедничкото живеење пред брак може да има и други последици, особено за жените. На пример, откако една врска ќе заврши, жените обично се оние кои ја преземаат одговорноста да се грижат за децата.

Жената која беше прикажана претходно, сега седи со раката потпрена на нејзината глава и држи бебе кое плаче. Мажот си заминува носејќи кутија со свои лични работи.

Заклучок: Негативните последици од заедничкото живеење пред брак можат да бидат далеку поголеми од наводните користи.

Библиско начело: „Јас, Јехова, сум твој Бог, кој те учи да го правиш она што е за твое добро“ (Исаија 48:17).

Дали тоа што ќе живеете заедно ќе ви помогне да не стапите во брак со погрешна личност?

Некои велат да. Сепак, „луѓето кои живеат заедно пред брак честопати не сфаќаат дека тоа им отежнува да стават крај на врската“, пишува во книгата Fighting for Your Marriage. Зошто? Некои кои живеат заедно можеби ќе сфатат дека воопшто не си одговараат. Но, поради некои обврски, како на пример заедничко милениче, договор за заеднички стан или непланирана бременост, тие го развиваат она што истражувачите го нарекуваат „инерција на заедничко живеење“.b Со други зборови, „некои луѓе, кои инаку би ја прекинале врската пред да стапат во брак, одлучуваат да се венчаат бидејќи едноставно така им е полесно“, стои во истата книга.

Заклучок: Наместо да ти помогне да донесеш добра одлука, заедничкото живеење всушност може да ти отежне да ставиш крај на една лоша врска.

Библиско начело: „Паметниот човек го гледа злото и се трга, а глупавите одат понатаму и ја трпат казната“ (Изреки 22:3).

Дали има подобра опција?

Ти можеш да ги избегнеш ризиците што доаѓаат од заедничкото живеење пред брак и да ги зголемиш можностите за успешен брак. Како? Така што ќе се држиш за библиските мерила за бракот. Одвој си доволно време да ја запознаеш личноста со која размислуваш да стапиш во брак пред да почнете да живеете заедно како сопруг и сопруга. Подобро е да го избереш твојот брачен партнер на темел на заеднички вредности и верувања, кои се многу поважни од сексуалната привлечност.

Во Библијата има совети кои можат да ти помогнат да започнеш еден среќен и стабилен брак.c На пример, таа содржи начела кои можат да ти помогнат...

  • да останеш верен

  • да станеш личност која ќе биде добар брачен партнер

  • да ги препознаеш знаците дека некоја личност не е вистинската за тебе уште додека сте во врска

За да дознаеш повеќе за овие теми, оди во делот „Брак и семејство“ на jw.org.

Библиско начело: „Целото Писмо е вдахновено од Бог и корисно за поучување“ (2. Тимотеј 3:16).

a Види ја статијата „Дали заљубеноста го оправдува предбрачниот секс?“

b Од статијата “Sliding Versus Deciding: Inertia and the Premarital Cohabitation Effect” од Скот Стенли, Галина Клајн Роџ и Хауард Маркмен, која излезе во списанието Family Relations.

c Во некои култури, вообичаено е родителите да помогнат во изборот на брачен партнер за нивниот син или за нивната ќерка. Доколку тоа е случај, Библијата може да им помогне на родителите да знаат кои особини да ги бараат.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели