ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 118
  • Како да престанам да водам двоен живот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да престанам да водам двоен живот?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што значи некој да води двоен живот?
  • Дали тоа што водам двоен живот ме прави лоша личност?
  • Како да престанам да водам двоен живот?
  • Двоен живот — кој мора да знае?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Што ако не се вклопувам во ниедно друштво?
    Младите прашуваат
  • Млади — дали ќе го положите испитот на христијанската лојалност?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Зошто да се држам за библиските мерила?
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 118
Слики на кои е прикажано како една млада сестра го поминува своето време на два различни начини. 1. Сестрата е во друштво на свои врсници. Некои од нив пијат и пушат. Едно момче ја прегрнува. 2. Истата сестра е убаво облечена и пее заедно со собранието во салата за состаноци.

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Како да престанам да водам двоен живот?

Понекогаш, некои слуги на Бог се прашуваат дали вреди да трошат време и да вложуваат труд за да живеат според библиските мерила (Псалм 73:2, 3). Тие можеби дури и ќе почнат да прават работи кои се во спротивност на Јеховините закони и потоа ќе се обидат да ги измамат своите соверници така што ќе го кријат своето лошо постапување.

Целта на оваа статија е да им помогне на оние што водат двоен живот, но сакаат да се променат.

Овде ќе дознаеш:

  • Што значи некој да води двоен живот?

  • Дали тоа што водам двоен живот ме прави лоша личност?

  • Како да престанам да водам двоен живот?

  • Што велат некои млади

Што значи некој да води двоен живот?

Ако некој води двоен живот тоа значи дека, кога е во друштво на врсници кои не му служат на Јехова, прави работи за кои знае дека се погрешни, но кога е во друштво на своите соверници, се прави дека му служи на Јехова. Тоа е како некој истовремено да води два животи, и во секој од нив носи маска.

„Кога водиш двоен живот, криеш нешто од двете страни, и никој не знае кој си навистина. Всушност, кога водиш двоен живот, нечесен си кон двете страни“ (Ерин).

Дали си знаел? Некој води двоен живот и кога прави работи што Јехова не ги одобрува кога никој друг не го гледа.

„Кога имав 14 години, почнав да гледам на интернет слики и видеоклипови со неморална содржина. Пред другите се правев дека ја мразам порнографијата, но длабоко во себе знаев дека не е така“ (Нолан).

Библиско начело: „Никој не може да им робува на двајца господари, зашто или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го сака, или ќе биде приврзан кон едниот, а другиот ќе го презира“ (Матеј 6:24).

Дали тоа што водам двоен живот ме прави лоша личност?

Не мора да значи. Се разбира, некои луѓе одлучиле да не живеат според библиските мерила. Дали тоа е случај и со тебе? Или, можеби зад твоето постапување се кријат други причини, како на пример:

  • Се плашиш да бидеш поинаков од твоите врсници.

  • Имаш чувство дека имаш повеќе заеднички работи со твоите соученици отколку со соверниците од собранието.

  • Чувствуваш дека немаш сила и дека не можеш да им бидеш послушен на сите Божји заповеди.

„Мислам дека на некои млади кои водат двоен живот им е попријатно во друштво на луѓе кои не живеат според библиските мерила, бидејќи имаат потреба да бидат прифатени од другите, и притоа не им е важно од кого“ (Дејвид).

Се разбира, ниту една од овие причини не е изговор за да водиш двоен живот. Сепак, ова ни помага да сфатиме зошто и добрите луѓе можат да паднат во замката да водат двоен живот. Ако и ти си паднал во таа замка, што можеш да правиш?

Како да престанам да водам двоен живот?

  1. 1. Размисли за својот начин на живот. Прашај се: „Дали навистина сакам да бидам ваква личност? Ако продолжам вака, каков ќе биде исходот?“

    Библиско начело: „Паметниот човек го гледа злото... а глупавите одат понатаму и ги трпат последиците“ (Изреки 27:12).

  2. 2. Биди искрен. Зборувај за својата ситуација со твоите родители или со некој зрел пријател што е послушен на Јеховините закони. Тие веројатно ќе се радуваат ако побараш помош од нив. И, тие ќе се гордеат со тебе кога ќе видат дека сакаш да го правиш она што е исправно.

    Еден млад човек кој е во неволја ја пружа својата рака од дното на една јама за да ја дофати раката на друг човек кој сака да му помогне и да го извлече надвор.

    Ако си паднал во длабоката јама на двојниот живот, побарај помош

    „Една од најтешките работи која сум ја направил беше да ги признаам моите грешки. Но, кога го сторив тоа, почувствував големо олеснување“ (Нолан).

    Библиско начело: „Кој ги крие престапите свои, ќе нема успех, а оној што ги признава и ги остава, ќе биде помилуван“ (Изреки 28:13).

  3. 3. Биди спремен да се соочиш со последиците. Имај на ум дека, ако си криел нешто од твоите родители или од собранието, всушност, си ја изневерил нивната доверба. Како резултат на тоа, твоите родители или старешините од собранието можеби нема да ти дозволат да правиш одредени работи за некое време. Соочи се со последиците и биди решен од сега па натаму во сѐ да постапуваш чесно (Евреите 13:18).

    Библиско начело: „Слушај совет и прифати укор, за после да бидеш мудар“ (Изреки 19:20).

  4. 4. Увери се дека Бог те сака. Бидејќи нѐ сака, Јехова е потполно свесен за сѐ што правиме. Значи, ако водиш двоен живот, тој забележува и тоа многу го растажува. Но, бидејќи се грижи за тебе, тој е спремен да ти помогне да го промениш својот начин на живот (1. Петрово 5:7).

    Библиско начело: „Јехова ја пребарува со своите очи целата земја за да ја покаже својата сила штитејќи ги оние што му се оддадени со цело срце“ (2. Летописи 16:9).

Што велат некои млади

Мејси.

„Сакав да бидам како моите соученици, но тоа што го зајакнав пријателството со соверниците ми помогна да го променам тој став. Колку послична станував со оние што го сакаат Јехова, толку помалку сакав да бидам како моите соученици“ (Мејси).

Албан.

„Дали бев на искушение да водам двоен живот? Да. Додека одев во средно училиште, врсниците изгледаа многу кул, и се чинеше дека животот им е многу забавен. Но, подоцна многумина од нив почнаа да користат дрога и да се опиваат. Повеќе не ми изгледаа толку кул, туку безумно“ (Албан).

За повеќе информации, прочитај ги животните искуства на Или и Лиса — двајца млади кои воделе двоен живот, но подоцна се вратиле кај Јехова.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели