ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mrt статија 66
  • Што вели Библијата за недостигот на храна?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што вели Библијата за недостигот на храна?
  • Разно
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Библијата прорекла дека ќе има недостиг на храна
  • Како ќе се реши проблемот со недостиг на храна?
  • Глобална криза со храна предизвикана од војна и од климатски промени — што вели Библијата?
    Разно
  • Поради војната во Украина на светот му се заканува глад
    Разно
  • Наскоро здрава храна за сите!
    Разбудете се! 2012
  • Дали духовно јадеш добро?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Разно
mrt статија 66
Виљушка на празна чинија.

Nany/stock.adobe.com

Што вели Библијата за недостигот на храна?

„Потполно отстранување на гладот.“ Ваква цел имаат светските лидери во врска со еден од најголемите проблеми на човештвото — да се обезбеди храна за секој човек на планетата.a Но дали некогаш ќе дојде време кога никој нема да гладува? Што вели Библијата?

Библијата прорекла дека ќе има недостиг на храна

Во Библијата е проречено дека во нашево време ќе има недостиг на храна. Овој период е наречен „последните денови“ (2. Тимотеј 3:1). Бог не е виновен за недостигот на храна. Сепак, тој нѐ предупредил за овој проблем (Јаков 1:13). Да разгледаме две библиски пророштва.

„Ќе има глад... на разни места“ (Матеј 24:7). Со овие зборови Библијата прорекла дека гладот ќе биде широко распространет. Значајно е да се забележи дека во еден неодамнешен извештај во врска со производството и дистрибуцијата на храна пишува: „Светот оди назад во своите обиди да му стави крај на гладот, како и на недостигот на храна и на неисхранетоста“.b Стотици милиони луѓе во десетици земји ја немаат храната што им е потребна. За жал, како последица на тоа, мнозина од нив умираат.

Неисхранет јавач на црн коњ држи терезија во раката, како што е опишано во Откровение поглавје 6.

„Гледај — црн коњ и на него јавач кој имаше терезија во раката“ (Откровение 6:5). Во ова пророштво, коњот и јавачот имаат симболично значење и го претставуваат гладот во последните денови.c Јавачот има терезија во раката со цел да ја мери храната за да може секој да добие по малку. Додека јавачот јава, еден глас објавува дека цената на храната ќе биде многу висока и ги предупредува луѓето да ги штедат основните прехранбени продукти (Откровение 6:6). Ова пророштво многу добро ја опишува денешната глобална криза за храна — криза во која милијарди луѓе не можат да набават или да си дозволат здрава храна.

Како ќе се реши проблемот со недостиг на храна?

Експертите велат дека нашата планета дава и повеќе од доволно храна за да се прехрани секој што живее на неа. Тогаш, зошто има недостиг на храна? Кои проблеми водат до тоа? И, како во Библијата е опишано дека нашиот Творец, Јехова,d ќе ги реши овие проблеми?

Сликичка со луѓе кои протестираат пред владата.

Проблем: Владите не можат да им стават крај на сиромаштијата и на економската нееднаквост поради кои луѓето гладуваат.

Решение: Несовршените човечки влади ќе бидат заменети со една совршена влада — Божјето Царство (Даниел 2:44; Матеј 6:10). Денес, многу сиромашни луѓе не успеваат секогаш да ги обезбедат основните намирници, но под власта на Божјето Царство тоа ќе се смени. Во врска со Исус Христос, Царот на Божјето Царство, Библијата вели: „Тој ќе го избави сиромавиот кој вика за помош, страдалникот и секој што нема помошник... На земјата житото богато ќе роди, по планинските врвови ќе го има во изобилство“ (Псалм 72:12, 16).

Сликичка со мапа, тенк и борбени авиони.

Проблем: Војните предизвикуваат огромни штети и економска нестабилност, поради што се ограничува или спречува дистрибуцијата на храна.

Решение: „[Јехова] ги прекинува војните до крајот на земјата. Го крши лакот, го здробува копјето, со оган ја пали колата“ (Псалм 46:9). Бог ќе го уништи сето оружје, како и луѓето што предизвикуваат војни. Како резултат на тоа, секој ќе има безбеден и лесен пристап до храна. Библијата ветува: „Ќе процвета праведникот и ќе има голем мир“ (Псалм 72:7).

Сликичка со сонце и исушено растение на распукана почва.

Проблем: Поради екстремните временски услови и природните катастрофи, се уништуваат посевите и угинува стоката.

Решение: Бог ќе ги држи под контрола природните сили на Земјата, при што ќе има поволни услови за производство на храна. Библијата вели: „[Јехова] ја смирува бурата за да настане тишина, па се смируваат морските бранови... Тој ја претвора пустелијата во езеро и безводната земја во водни извори. И таму ги населува гладните... Засеваат ниви и садат лозја за да донесат обилна летина“ (Псалм 107:29, 35-37).

Сликичка со двајца шефови кои се ракуваат и си даваат пари под рака.

Проблем: Алчни и корумпирани поединци произведуваат храна која не е безбедна или спречуваат храната да стигне до оние на кои им е потребна.

Решение: Божјето Царство ќе ги отстрани сите нечесни и корумпирани луѓе (Псалм 37:10, 11; Исаија 61:8). Библијата вели дека Јехова е Бог кој „им дава правда на оние со кои се постапува неисправно, и им дава леб на гладните“ (Псалм 146:7).

Сликичка со расипана храна во корпа за отпадоци.

Проблем: Една третина од храната која се произведува во светски рамки се фрла или пропаѓа секоја година.

Решение: Под власта на Божјето Царство, со резервите со храна ќе се постапува на мудар начин. Додека бил на Земјата, Исус внимавал да не се расфрла храната. На пример, во една прилика со чудо нахранил едно мноштво кое броело повеќе од 5.000 души. Подоцна, тој им рекол на своите ученици: „Соберете ги парчињата што останаа за да не пропадне ништо!“ (Јован 6:5-13).

Бидејќи Божјето Царство ќе ги реши сите проблеми поради кои има глад, сите луѓе ќе уживаат во изобилство на квалитетна и здрава храна (Исаија 25:6). За да дознаеш кога Божјето Царство ќе го постигне ова, прочитај ја статијата „Кога Божјето Царство ќе почне да владее со Земјата?“

a Агенда за одржлив развој до 2030, усвоена од сите земји членки на Обединетите нации во 2015 год.

b Заеднички извештај на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, Меѓународниот фонд за развој на земјоделството, Фондот за деца при Обединетите нации, Светската програма за храна при Обединетите нации и Светската здравствена организација.

c За да дознаеш нешто повеќе за сите четири јавачи кои се спомнати во книгата Откровение, прочитај ја статијата „Што претставуваат четирите јавачи?“

d Јехова е името на Бог (Псалм 83:18). Види ја статијата „Кој е Јехова?“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели